Модниот бренд H&M ја најави модната сезона есен-зима 2022 со кампањата Brasserie Hennes во која Наоми Кембел е заштитно лице, приказната ја продолжува со овој lookbook во кој се илустрираат тенденциите на сезоната. Есенско-зимската колекција е обвиена со топло и удобно плетиво во разни форми, женски одела и капути, мини здолништа и широки панталони, мокасини и чизми. Брендот акцент стави на боите како загасито потокалова, бордо и црвенкасти и нијанси на цигла, кои се многу повпечатливи од неутралните кафена и сива.
Нема коментари