• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

H&M прославува 20 години од легендарните соработки со гостински дизајнери со лимитирани реизданија на претходно сакани парчиња

Од stylist @StylistMKD · На октомври 23, 2024

HM

Оваа година се одбележува 20-годишнината од соработките со познатите гостински дизајнери на H&M, иницијатива која длабоко го промени пејзажот на современата мода. За да ја прослави оваа јубилејна годишнина, H&M сега повторно ги споделува своите најлегендарни и најомилени колекции преку специјално издание на претходно саканите модели

H&M ја лансираше својата прва дизајнерска колекција со Карл Лагерфелд, тогаш креативен директор на Шанел, во 2004 година. Иницијативата резултираше со револуција во модната индустрија, со тоа што ја направи достапна работата на најголемите дизајнери и брендови во светот, го прошири профилот на некои од најголемите креатори на модата и го зацврсти принципот дека одличниот дизајн ја надминува цената. Секоја соработка беше уникатна, одговарајќи на вредностите и принципите на гостинот дизајнер.

hm (1)

-Нашата цел беше да го претставиме светот на модата на клиентите на глобално ниво, притоа прикажувајќи ја нашата поврзаност со силниот, внимателен и оригинален дизајн. Тоа се поврзува со основниот етос на H&M: дека квалитетот и креативноста треба да бидат достапни за секого – изјави Ен-Софи Јохансон, креативен советник на H&M.

Сега, љубителите на модата имаат втора шанса да стасаат до иконските парчиња од овие соработки, соработки кои ја издефинираа новата ера на модата, преку „претходно сакани“ иницијативата на H&M. Моделите беа набавени преку партнерства со омилениот глобален онлајн пазар Sellpy и глобалните винтиџ трговци на мало. Давањето втор живот на облеката што претходно сте ја сакале е дел од посветеноста на H&M да се движи кон кружна модна економија, преку иновативни одржливи решенија за нашите клиенти.

hm (4)

-Преку работа со претходно сакани парчиња можеме да ги вратиме овие колекции на модните љубители, давајќи им можност одново да се вљубат во нив, притоа воведувајќи епохални модни моменти од H&M и врвните дизајнерски таленти во светот за новата генерација – вели Јорген Андерсон, креативен директор на H&M.

Ексклузивниот избор содржи модели од целиот спектар на гостински дизајнери на H&M, од Виктор и Ролф до Версаче, Марни до Москино, Стела Макартни до Соња Рикиeл. Претходно саканите парчиња ќе бидат лансирани преку серија модни изданија во седум светски продавници и онлајн. Секоја од активациите во продавница ќе биде возвишено искуство што ги оживува колекциите на свеж начин.

1-во издание: Франција – Париз Лафајет, четврток 24 октомври
2-ро издание: Обединето Кралство – Лондон Риџент Стрит, петок 25 октомври
3-то издание: Италија – Милан Дуомо, сабота 26 октомври
4-то издание: Соединети Американски Држави – Њујорк Сохо, недела 27 октомври
5-то издание: Шпанија – Барселона Пасео де Грасија, понеделник 28 октомври
6-то издание: Шведска – Стокхолм Гетгатан и Дротнинггатан, вторник 29 октомври
7-мо издание: Германија – Берлин Мите, среда 30 октомври
8-мо издание: Онлајн – HM.com, четврток 31 октомври

hm (2)

Дизајнерите вклучени во проектот за повторно лансирање се: Карл Лагерфелд (2004), Стела Макартни (2005), Виктор и Ролф (2006), Роберто Кавали (2007), Comme des Garçons од Реи Кавакубо (2008), Метју Вилијамсон (пролет 2009 година), Џими Чу (есен 2009), Соња Рикиел (пролет 2010), Ланвин (есен 2010), Версаче (2011), Марни (пролет 2012), Мезон Мартин Маргиела (есен 2012), Изабел Марант (2013), Александар Ванг (2014), Балман (2015), КЕНЗО (2016), Ердем (2017), Москино (2018), Џамбатиста Вали (2019), Симон Роча (2021), Toga Archives (2021), Муглер (пролет 2023) и Rabanne (есен 2023 година). Тие се наведени овде по хронолошки редослед, од првата соработка во 2004 година, до најновата.

hm (3)

hm (5)

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • sarastoi моден монитор

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics