Од понудата на новата H&M Studio колекција за есен-зима 2020 се издвојува оваа интензивно сина кошула со впечатливи карери и набори, од проѕирна ткаенина и со доза на уникатност и ексцентричност. Може да се комбинира со фармерки, со костим во иста боја за монохроматски излед. Секако може да ја носите на некој друг ваш начин и да ја вметнете во личниот стил. Ја има и во други бои, а интересна е и верзијата во црвена боја.
Нема коментари