Модниот бренд H&M ја претставува Studio колекцијата за пролет-лето 2022 наречена Press Play („Стисни плеј“), инспирирана од Gen-Z музичките музи кои имаат необичен стил со истакнат личен печат. Колекцијата се базира на неконвенционалната мода од 1980-тите и 1990-тите години. Со моќна палета на бои, електрични фузија принтови, како и елегантни додатоци, колекцијата носи целосна инспирација за облека инспирирана од mix-and-match естетиката.
Клучните парчиња се впечатливи – јаки бои, авангарден тексас, леопардов принт, црвени каубојки, кломпи на платформа, како и памучни маици со поп-арт шара на берлинскиот илустратор Стефан Фелер. Во кампањата за оваа колекција позира Девон Мос, 22-годишна моделка, дете од музичката сцена на Лос Анџелес, поточно ќерка на гитаристот на Лени Кравиц, Грег Дејвид Рос.
Во согласност со целите за одржливост на H&M, секој предмет во колекцијата е направен од поодржливи материјали, вклучувајќи рециклиран полиестер, рециклиран полиамид и рециклирана волна.
Нема коментари