Списанието Hollywood Reporter во новиот број ја откри листата на најмоќни стилисти во Холивуд за 2015 година, листа која веќе има своја традиција, а на првото место ја стави Петра Фленери, која се грижи за изгледот на Ема Стоун и Ејми Адамс на црвениот килим. Фленери исто така работи и со Гвен Стефани, Зое Салдана, Клер Дејнс, Мила Кунис и важи за авантурист на црвениот килим. Топ 5 листата ја дополнуваат Лесли Фремар, тандемот Карла Велч и Кемал Харис, Кејт Јанг и Иларија Урбинати, а понатаму следат уште 20 стилисти кои успешно соработуваат со холивудските ѕвезди.
Секоја година Hollywood Reporter подготвува голема фотосесија на стилистите со дел од своите клиенти, а на насловната страница овојпат е Лејди Гага со стилситот Брендот Максвел, овлечена во винтиџ модел на „Шанел“ и фотографирана од страна на Карл Лагерфелд во легендарниот апартман на Коко Шанел во парискиот хотел „Риц“.
Нема коментари