За време на излолацијата поради пандемијата на Ковид-19 младиот дизајнер Христијан Младеновски создаде колекција која што настанала во рамки на затворен простор, а ја нарекол „Војва“.
-Зборот Војва е вид на глагол, не свршер што значи: Се мотка, се вртка, се шетка, ваму таму, нешто кое што моментално сите ние го правиме во домашен затворен простор. Колекцијата содржи “I”, “A” , “X” , силуета но се појавува и одстапување од класичните видови на силуети. Доминантен принцип на дизајнот е асиметрија, но содржи и симетрија, палетата на бои и текстилната мапа ја комплетираат со кохезија. Колекцијата изобилува со органски форми и геометриски сечења, изборот на метеријали ја симболизира целокупната 2020 година, таа содржи форми и од белите дробови кои најмногу страдаат од вирусот корона – објаснува дизајнерот.
Боите, материјалите и текстурите ја симболизираат годинава, но и симболизираат и нашите емоции. Христијан објаснува дека црната боја во колeкцијата е поврзана со силата, елеганцијата, формалноста, смртта, злото и мистеријата поврзани со стравот од непознатото. Обично има негативна конотација (црна листа, црн хумор). Црното означува моќ и авторитет, се смета дека е многу формална, елегантна и престижна нејзината естетика (црна вратоврска, црн Мерцедес). Но таа е и симбол на жалост.
-Белата потсетува на светлина, добрина, невиност, чистота и невиност. Се смета дека е бојата на совршенството. Белата значи сигурност и чистота. За разлика од црната, белата боја има позитивна конотација, но во исто време мозе да биде и боја на стерилност.
Зелената е боја на природата и како таква, таа симболизира раст, хармонија, свежина и плодност. Зелената боја има силна емоционална врска со безбедноста. Темно зелената боја честопати се поврзува со парите. Зелената сугерира стабилност и издржливост.
Боите со себе носат симболика на излудување и мешање на емоции. Вметнувајќи 3 вида на текстури колекцијата добива уште подлабока вредност, со што и самиот дизајн на текстил е инспириран од домашната изолација.
Нема коментари