BOSS, BOSS Green и BOSS Orange се трите линии за мажите за есен-зима 2014 што се достапни оваа сезона во продавницата на „Хуго Бос“ во Македонија. Кампањата на колекцијата BOSS е препознатлива оваа сезона по главниот лик – Скот Иствуд, син на легендарниот Клинт Иствуд, кој е вистинскиот олицетворение на мажот за кого е наменета колекцијата – харизматичен и природен. Кампањата е изработена од страна на светски познатите дански фотографи Inez van Lamsweerde и Vinoodh Matadin, а е снимено е во познатото студио Pier59 во Њујорк.
Колекцијата BOSS како и секоја сезона, така и оваа се одликува со совршен крој, одлични материјали и детално изработени парчиња. Минималистичкиот дизајн со префинети детали ветува уште една безвременска колекција.
Колекцијата BOSS Orange ни покажува како дури и невозможните комбинации стануваат возможни доколку се направат на вистински начин. Комбинација од сјајни и мат материјали која истовремно изгледа моќно и мистериозно.
BOSS Green е колекцијата посветена на поспортските моменти од животот, а сезонава се одликува со модерен и футуристички дизајн, детали во боја и анатомски кроеви.
Нема коментари