Во борбата против животинското крзно се приклучи уште една модна куќа со резолуција дека престанува да го користи овој материјал во своите колекции. Амерканскиот дизајнер Мајкл Корс најави дека прекинува со користење на вистинско крзно на ниво на сите линии и брендови во неговата групација Michael Kors Holdings Limited, во која спаѓаат сите линии што го носат неговото име и брендот Jimmy Choo PLC. „Благодарение на технолошкиот напредок во производството, сега имаме можност да креираме луксузнa естетика користејќи вештачко крзно. Новите техники ќе ги претставиме на следната ревија во февруари“, вели Корс и нaјави дека до крајот на 2018 година крзното од животинско потекло ќе биде отстрането од производсвото во сите линии на групацијата. Корс со ова се приклучи на групата на модни куќи кои работат на еко-принцип или во перидов одлучиле да престанат да користат крзно во луксузната мода, како Стела Макартни, „Гучи“, Ралф Лорен, Армани, Келвин Клајн, Yoox Net-a-Porter и Томи Хилфигер.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари