Актерот Идрис Елба можеби сè уште не е именуван за новиот Џејмс Бонд, како што се шпекулира годиниве, но затоа е избран за најсекси маж за 2018 (Sexiest Man Alive) според People. Ова американско списание 33 години по ред прогласува најсекси маж, а веста за Идрис беше објавена вчеравечер во шоуто на Tonight Show на Џими Фалон. Како реакција на oвa признание Елба се заблагодари, рече дека е чест да се биде избран и дека мајка му ќе биде многу, многу горда со титулата.
Нема коментари