• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
досие 0

IN MEMORIAM СОЊА РИКЕЛ: Кралицата на плетивата сплете историска модна приказна

Од stylist @StylistMKD · На август 26, 2016

sonia-rykiel-01

Светот жали по Кралица на плетивата , француската дизајнерка Соња Рикел, која почина вчера (25 август) на 86-годишна возраст, како последица на Паркинсовата болест.  Една од пионерите на современата мода зад себе остави големо модно наследство. Препознатлива беше по лежерните плетива со пруги, како и по осовременување на францускиот шик и кабаре имиџ.

Родена е на 25 мај 1930 година во Париз, во еврејско семејство по потекло од Полска. На 17 години ја добила првата работа како уредувачка на излогот во еден бутик за облека. Подоцна се омажила со сопственик на бутик за елегантна облека. Во 1962 година, во текот на својата бременост, соочувајќи се со проблемот да најде соодветна облека за трудници, почнала да дизајнира модели за себе.  Рикел ја отворила првата продавница во мај 1967 година за време на студентските протести во Париз.

Sonia Rykell (7)

Првата насловна со нејзина креација на магазинот Elle во 60-тите

Почнала со фустани за бремени жени и со тенки џемпери. Подоцна џемперите стана нејзин заштитен знак и често ја нарекуваат “кралица на плетењето”. Интересно е што славниот џемпер претрпел седум корекции, таа го враќала на преплетување сè додека не ја добила формата што ја посакувала. Првата волнена маица го добила името “Сиромашно момче”. Моделите првично ги продавала преку брендот на нејзиниот сопруг -”Лаура”. Набрзо се нашле на насловната страница на магазинот Elle и така се прославила.

Sonia Rykell11

СЕ популаризира во60-тите години со плетените креации

Таа е првиот дизајнер што ги ставилa шевовите на надворешната страна на облеката и што испечатила зборови на своите џемпери. Најчесто користише беж, сива, темносина  и графит-боја. Таа ги преферираше долгите модели на џемпери, малите пуловери,  масивните превиткан манжетни и долгите шалови. Има напишано многу книги, вклучувајќи ја и “Од А до Ш за модата” и серијал книги за деца.

Во 1980 година е прогласена за една од 10 најелегантни жени во светот. Таа докажа дека плетењето може да ги следи трендовите. Таа експериментира со формите на плетени модели, но и со нивните бои. Со помош на волната во различни бои, таа плете разни слики и приказни на џемперите. Плетките потсетува-ат на принтана композиција.

Sonia Rykell (1)

Во друштво на култните дизајнери-современици на Рикел

Во текот на Модната недела во Париз во 2003 година, Рикел ја прикажа и својата прва пролетна колекција, која изобилуваше со винтиџ-модели со цветни дезени и во полка-стил, со точки. Бизнисот на Соња се прошири во САД. Со помош на својата ќерка, која исто така се занимава со мода, отвори престапништво во Њујорк. Има соработувано со повеќе уметници, а најинтересна ѝ е работата со изведувачот Малколм Мекларен, кој ја напиша песната  Who the Hell is Sonia Rykiel? која се најде на неговиот албум  во 1995 година.

FRANCE-FASHION-PEOPLE-RYKIEL-OBIT-DEATH

Иако е препознатлива по плетените облеки, сепак имаше развиено широка палета на производи од различни други материјали. Но сите го задржуваат францускиот шарм, што беше нејзин заштитен знак. На прагот на својата 80-та година Рикел ја откри својата втора младост станувајќи главен дизајнер на познатиот бренд за секојдневна младелачка облека Х & М. Со љубопитност на дете, енергија на девојка и мудрост на искусна дама, таа влегуваше во секоја нова модна сезона. На местото уметнички директор во својот бренд беше до 1995 година, по што ја наследи нејзината ќерка. Изминативе две декади активно ја следеше работата и развојот на брендот. Во 2009 година доби Орден на Легијата на честа, како признание за 40-годишното залагање во француската модна индустрија.

soniaa (1)

Во 2009 година доби Орден на Легијата на честа, како признание за 40-годишното залагање во француската модна индустрија.

Секогаш беше со уникатни и сексапилни идеи. Нејзините модели се женствени, екстравагантни, но носливи.  Нејзината колекција пролет-лето 2010, што ја прикажа на Модната недела во Париз, беше една од највпечатливите. Понуди модели во стилот на 40-тите. Нејзина муза биле проститутките од париските квартови.(А.Н.)

sonia

Нејзината работа ја наследи ќеррка ѝ Натали Рикел

Sonia Rykell (7)

Sonia Rykell (9)

Sonia Rykell (1)

Sonia Rykell (2)

Sonia Rykell (3)

Sonia Rykell (11)

IN MEMORIAMКралица на плетиватаплетиваСоња Рикел
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 досие

    Златни правила за шопинг според Французинките

  • 4 pariski stil досие

    Модни правила кои ќе ви го доближат парискиот шик стил

  • BL5LM5Z7JRFYDLYO2B3O5RCUDY досие

    Приказната за црната вдовица Патриција Гучи

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics