Нема посебен трик за складно комбинирање на чевлите со машкиот костум – боите или си одговараат или не одат заедно, не постои средина и не поминуваат секакви комбинации. Во современата машка мода ќе сретнеме голем избор на бои на костуми и на чевли, а како да се направи вистинскиот спој може да ви помогне следниов инфографик на бразилскиот сајт Moda Para Homens. Опфатени се широка палета на нијанси, некои можеби не соодејствуваат на сите континенти. На пример, маслинесто зелениот костум можеби ќе го најдете во Бразил, но тешко дека го има во Европа. Но, добро е да се знаат сите можни комбинации.
Нема коментари