Со почетокот на Канскиот филмски фестивал дел од вниманието ќе биде насочено кон црвениот килим и дизајнерските фустани што ѕвездите ги носат пред филмските премиери. На стартот на овогодинешното издание да се потсетиме на инфографикот што Mediarun Digital го направи со најспецифичните изгледи од цвениот килим од 1953 до 2013 година кој открива повеќе вечерни тоалети и класични стајлинзи, но и необични комбинации како комплетот од блуза и панталони на Венеса Редгрејв од 1963 година, комбинацијата од градник и килоти на Мадона (1991), како и необичниот дречливо розов фустан на Бјорк (2000), креација на македонскиот дизајнер Марјан Пејоски.
Повеќе за оваа креација на Марјан Пејоски на овој линк.
Нема коментари