• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Oбединети балкански дизајнери на шоурум со триесет европски брендови

Од stylist @StylistMKD · На февруари 26, 2021

united fashion showroom

Познатото домашно име Драган Христов – LUDUS, заедно со Марија Кулусиќ од Хрватска и Марко Фехер од Босна и Херцеговина, во текот на наредните шест месеци ќе ги претставуваат боите на балканскиот регион, под закрила на Моден Викенд Скопје.

Во рамки на проектот „Обединета мода“, белгиските партнери MAD Home of Creators и Flanders DC ги обединија силите за да презентираат триесет европски дизајнери на интернационалните купувачи, организирајќи престижен дигитален шоурум од февруари до јули оваа година.

Направен е избор на социјално свесни брендови со силен комерцијален потенцијал, коишто имаат пионерска улога во градењето на одржлива иднина. Колекциите на селектираните модни етикети се дизајнирани да траат, исклучиво со користење на етички и еколошки материјали во нивното производство.

001 - united fashion showroom

„Le New Black Show­room“ претставува завршен настан на проектот, во чијшто фокус е потрагата по бизнис модели, кои имаат потенцијал да учествуваат во трансформација на модната индустрија. Македонскиот бренд LUDUS, заедно со дизајнерите Марија Кулусиќ од Хрватска и Марко Фехер од Босна и Херцеговина, селектирани се како тројца претставници на Балканот. 

LUDUS е одржлив домашен бренд што создава креации од природни ткаенини како памук, свила, лен, волна и рециклирана кожа, со минимум или без воопшто отпад во производниот циклус. Колекциите со дизајнерски потпис на Драган Христов се базирани на емоциите. Вообичаено се монохоматски, со минималистички изглед и скулптурални силуети. 

Марија Кулусиќ е хрватска дизајнерка за бавна мода, која секогаш прави колекции засновани на приказна. Вниманието ѝ е посебно насочено кон софистицираната рачна доработка на деталите. Нејзините креации имаат безвременски карактер, спротивставувајќи ги модерното и традиционалното. 

Кој сум јас? Кои сме ние? Каде припаѓам? Ова се прашањата чии одговори ги истражува брендот на босанскиот дизајнер Марко Фехер. Трага по идентитетот на скриеното „јас“ низ перцепцијата на другите. Нема боја. Нема пол. Нема сезона. Нема раса. Наменет е за секого и никого, одразувајќи ги ставовите на креаторот во дадениот момент. 

United Fashion го спроведува кластер на европски модни асоцијации, чијашто цел е да се зголеми компетитивноста на дизајнерите, без притоа да се лимитира нивната креативност. Моден Викенд Скопје беше домаќин на настанот „United Fashion SEE Showroom“ во 2019 година. Проектот е поддржан од програмата Creative Europe на Европската Унија.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2 моден монитор

    Добротворна модна аукција „Fashion with a Cause“ во рамките на Моден викенд Скопје

  • 1fwsk моден монитор

    Петтиот ден на FWSK31: Од булинг до убавина, модата како јазик на промена

  • 1 Irina Tosheva workshop моден монитор

    Мода што трае: 31. Моден викенд Скопје започна со приказни за создавање, поправка и повторно раѓање на стилот

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 2

    Добротворна модна аукција „Fashion with a Cause“ во рамките на Моден викенд Скопје

    ноември 6, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • 1fwsk

    Петтиот ден на FWSK31: Од булинг до убавина, модата како јазик на промена

    ноември 3, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • 1 Irina Tosheva workshop

    Мода што трае: 31. Моден викенд Скопје започна со приказни за создавање, поправка и повторно раѓање на стилот

    октомври 31, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025

Култура

  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics