Новата модна сезона се приближува и сè помалку време има за избор на модерна есенска гардероба и креирање на „своја“ капсулна колекција со есенски парчиња. За да не трошите многу време во потрага по вистинските работи, предлагаме да ги следите Инстаграм профилите на главните „помодарки“ и да видите што купуваат во почетокот на есента. Ѕирнавме во профилот на холандската блогерка Клер Роуз Клитер и ја погледнавме облеката што таа ја избрала за своите септемвриски комбинации – нејзината основна есенска гардероба е лежерна и составена од фармерки, сакоа, волуменозни костими, твид-јакни, широки панталони, патики, балетанки и мокасини, но и потопли палта и џемпери со пруги.
Нема коментари