Хаштагот #MangoGirls и понатаму извор на модна инспирација
Инстаграм објавите означени со #MangoGirls веќе неколку сезони ги насочуваат вљубеничките на модата во тоа што е тренди, кои Манго парчиња се хит и како да ги комбинираат. Брендот Манго прво го воведе хаштагот #MangoGirls како маркетинг кампања на Инстаграм со стилските ѕвезди, потоа околу оваа ознака почнаа да гравитираат девојките од целиот свет што ги сакаат креациите на Манго. Хаштагот и и понатаму е актуелен, ако ги разгледаме последните Инстаграм објави со #MangoGirls ќе забележиме дека Манго девојките сакаат да носат фустани со принт или еднобојни модели со тенки прерамки, тексасни комбинезони, широки панталони, ленени сакоа, карго панталони, палтенца од букле и соодветно на сезоната, разни летни комбинации.
Нема коментари