Доколку ја применувате тенденцијата на здрава исхрана и фит изглед, или пак со новата година потребен ви е план за нов животен стил, посетете го Инстаграм профилот Хејзел Валас, кој ќе ви понуди мноштво инспирација за здрави оброци. Валас е докторка и фитнес инструкторка која што го потпишува профилот The Food Medic, што е и името на најзината прва книга. Книгата содржи совети како да живеете посреќно и поздраво, како и многу рецепти и вежби. Слична соодржина произведува и на својот Инстаграм профил, како и на својот блог, додека дел од своите вежби открива на You Tube.
Валас се смета за еден од првите лекари од новата генерација, и сака своето занење да го комбинира со интересет за нутриционизам и со физички вежби, а со тоа да им помогне на луќето полесно да ги одржуваат здравите животни навики. Како докторка верува дека храната и физичката активност се лек за многу болести на денешницата и затоа сака да го сподели своето знаење.Противник е на сите видови на диета, и вели дека ако правилно се храните, никогаш нема да се доведете во ситуација да ви треба диета.
A photo posted by Dr Hazel Wallace (@thefoodmedic) on
Нема коментари