Шпанскиот бренд „Зара“ според повеќето параметри е еден од најпопуларните и најпородавани брендови во светот и кај нас, поради големиот моден избор, колекциите кои ги следат светските трендови и релативно достапните цени на креациите. Но, како познатите Инстаграм блогерки ги комбинираат модните парчиња на „Зара“ за да постигнат впечатлив изглед?! Доволно е да го следите Инстаграм профилот @zara_daily на кој ќе најдете безброј фотографии на кои блогерките и модните вљубеници откриваат како ги комбинираат омилените парчиња на „Зара“ и како ги вметнуваат во нивниот стил. Профилот има околу 350.000 следбеници, секој ден добива нови фанови кои утрата ги почнуваат со следење на новите фотографии означени со #zaradaily, а дел од комбинациите може и вас да ве инспирираат.
Нема коментари