Не е тајна дека креациите на големите high street брендови ги следат тенденциите забележани во колекциите на престижните луксузни модни куќи, и иако често се обвинувани за плагијат, тие сепак успешно продуцираат и продаваат трендовски парчиња по цена што е многу подостапна споредено со цената на чинење на креации со потпис на „Гучи“, „Диор“, „Баленсијага“ или „Луј Витон“.
„Зара“, „Манго“, H&M, Topshop и другите high street брендови велат дека само се инспирирани од колекциите на таканаречените high end (луксузни) модни куќи, а Инстаграм профилот @rosa_h_f ги лови овие модни клонови.
Овој Инстаграм профил не само што ги забележува „украдените“ креации, може да послужи и како водич за пронаоѓање трендовски парчиња со достапна цена.
Нема коментари