• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

БОБАН ИЛИЕВСКИ: Од петни жили се трудам да балансирам меѓу уметничкото и комерцијалното

Од Ана Несторовска · На декември 1, 2015

Boban-ez2015 (1)

Никогаш не им робува на трендовите, ниту на строгите форми. Умее да стави потполнки на прерамки, карнери на панталони, да искомбинира бизнис изглед со патики, да спои два сосема различни принтови и сето тоа да има естетска смисла и да биде носиво… Дизајнерот Бобан Илиевски со своите колекции крои рамнотежа меѓу уникатното и универзалното, помеѓу уметничкиот израз и комерцијалата. Во неговите креации подеднакво урбано, елегантно  и драматично изгледаат и тинејџерките и сериозните дами…Тие со конфекциски број 36, но и тие со облини… Во таа насока е и новата мини колекција за есен-зима 2016, што деновиве од Милано ја промовира на социјалните мрежи и во медиумите. Застапени се макси и мини фустани, туники, здолништа, широки панталони и кошули. Како и во претходната колекцијата Dualita, и оваа е спој на црната и на белата, односно на различности што одлично функционираат како единка.

bobce

Бобан Илиевски на една од своите ревии во рамки на Моден викенд-Скопје (фото: Ани и Дими)

>>Во кој сегмент новата колекција е надополнување на приказната од претходната, а во што се разликува?

- Најмалку ми беше целта оваа колекција да се надополни на претходната. Најважно поради фактот дека едната е летна, а другата за есен-зима. Доколку сакаме да најдеме надополнување, тогаш тоа е во монохроматската суштина,  а разликата би била во умерената ексцентричност, и зголемена игра на детали, што ми е интересна како материја периодов. Kолекцијата настана многу спонтано. Дури имаше и моменти кога се колебав дали воопшто да ја направам. Па така, решив ова да биде една тотално непретенциозна мини колекција, без име, што ќе збори сама за себе.

 

Boban-ez2015 (2)

Фотографиите за новата колекција ги направи Жарко Чулиќ

>>Повторно доминира судирот на црната со белата боја, избалансирани со  пастелни тонови… Дали црно-белата варијатна е патот преку кој твојот бренд зрее и ѝ се доближува на поелегантна дама,  или е потрага по личен кретивен баланс?

-Брендот сам по себе созрева. Tоа е неминовен процес и за него како творечка дејност и за мене како творец. Секако, многу пати споменав дека сакам да се реинвентирам со секоја моја колекција. Сакам да ја гледам како предизвик и неистражена територија материјата која што ќе ја работам, а својствено на тоа и публиката ќе има нешто кое нестрпливо ќе чека да види. Најмалку би сакал да се доведам во ситуација, да дојдам до степен на индиферентност, и условно речено да кажат дека тоа било очекувано од мене. Се трудам од петни жили да го задржам балансот помеѓу уметничкото творештво и бизнисот/комерцијалното. Тој судир на принтови и колор блок е нешто што ми се допаѓа како игра, па ете оваа сезона еден толку класичен и ретро принт како пепитото, сакав да го искористам надвор од една норма на здолниште  и палто, популарно  наречено кај нас како „костимче”.

Boban-ez2015 (3)

Ангела Блажевска повторно се јавува во улога на модел

>> По неколку години самостојна работа, колку и дали правиш компромиси? Во колкава мера си дозволуваш да бидеш „лудиот шапкар“ во новата колекција?

- Уште пред 10 години, додека бев на факултет во Милано, првата работа што професорите по маркетинг и стратегија ни ја рекоа, е дека единствен адут кој што ќе остане во Европа е дизајнот….На некој начин нè подготвуваа за страшната судбина,  дека како самостојни дизајнери ќе бидеме проголтани од големите корпорации на улична мода, и дека единствени брендови кои што ќе преживеат ќе бидат ултра евтините мас продакшн брендови, и ултра луксузните грифови…..што всушност и се случи. Е сега, во Македонија, освен шпанските конгломерати, има и други ветерници со кои што мојата дизајнерска фела треба да се бори……Ама ете опстојуваме и понатаму.

>>Ти си еден од ретките наши креатори што при дизајнирањето на ум ги има и покрупните жени , за кои кај нас има многу оскудна понуда, не само во бутиците и продажните салони на франшизите, туку и кај дизајнерите…Кај нив обично броевите завршуваат со L или XL…Дали тоа значи дека почесто клиенти ти се жени што не можат да најдат соодветни модерни и автентични дизајни на нашиот пазар?

-Еден дизајнер не може да биде добар доколку не си ја познава клиентелата.  Не можеме да побегнеме од фактот дека кај нас 36 не е најпродаваниот величински број. Тоа дека нудам парчиња за „плус сајз“ величини се наметна само по себе, не беше воопшто намерно….Веројатно работејќи речиси осум години за еден мас продакшн бренд како КАРА влијаеше на тоа да размислувам малку покомерцијално во тој дел, а сепак да оставам свој печат во тоа што го работам.

Boban-ez2015 (4)

За шминката беше задолжен Дарко Мишовски

>> Традиционално, на лукбукот сораборуваше со фотографот Жарко Чулиќ. Како течеше реализацијата на оваа фотосесија? Како ви се надополнуваат нарациите и колку сугестиите на Чулиќ ја комплетираат приказната што сакаш да ја раскажеш со моделите?

-Колку сум јас дел од целава приказна, толку е и Чулиќ. Од самиот почеток. Заедно растеме и созреваме и неминовна е сублимацијата на нашите соработки. Стигнавме до степен  каде што мојот дел на стилист и дизајнер на парчињата го оставам потполно во негови раце за како тоа ќе биде пропратено визуелно. Мојата гласна естетика во боја,  принт и сексапил се наоѓа на пола пат со чистата и едноставна „шведска” стерилност, што Жарко толку ја сака.

>>Кој сè ви се придружи во изработка на лукбукот?

-Мејк-ап артистот Дарко Мишовски  е уште еден човек на којшто сум му неизмерно благодарен и кој е дел од сето ова од самиот почеток. Тој фантастично ја надополни визуелната игра на секоја колекција досега. Ангела Блажевска повторно се јавува во улога на модел. Со својата камелеонска способност му даде суштина на секое парче.

Boban-ez2015 (5)

>>Својата самостојна кариера ја лансира  инкогнито, под брендот Chic Undercowear, но изминативе неколку сезони на моделите ја ставаш етикетата „Бобан“… Дали ги имаш замислено како две различни етикети или едноставно „Бобан“ e логичен след на разоткривањето на идентитетот на  Chic Undercowear?

- „Шик андеркавер“ била и ќе остане поевтина линија со поголемо поизводство и попристапни цени,  додека секое кастом мејд парче ја носи етикетата „Бобан“…..тоа значи дека е направена како уникат и наменски за еден клиент. На некој начин едното е бренд, а другото е гриф.

Boban-ez2015 (6)

>>Оваа, 2015-та,  беше тешка година на политички, економски, безбедносен план, што се одрази и на ситуацијата во модата. И покрај општествените турбуленции ти успеа да лансираш две сезонски колекции. Колку храброст, вложувања и откажувања беа и се потребни за да останеш продукциски  и креативно доследен кај нас? Имаше ли кризни моменти?

-Кризни моменти и колебања се суштински дел од творештвото на креативците, што по дифолт се емотивни битија. Модата била и отсекогаш ќе биде одлика на социјално-културолошко економската ситуација на дадениот период. Затоа е толку интересна и жива материја, и обожувам што токму тоа го работам.

>>Дали тоа значеше и паузирање од јавни презентации во вид на ревии, шоурумови и изложби, и колку беше активен на интернационален план?

-Напротив, како македонски дизајнери мораме да излеземе од границите на државава, најмногу поради предизвикот што го нудат тие пазари. Колекцијата како и претходните, освен на сајтот на bastetnoir.com и директно во мојот шоурум,  ќе се продава во Софија, Берлин, како  и наPop-up store SKP  во Берн Швајцарија. Социјалните медиуми полека и кај нас стануваат најдобар начин за промовирање на продукт од било која сфера.

Boban-ez2015 (7)

>>На што беше фокусиран во периодот меѓу  нашиот претходен разговор во април и ова интервју? Што се смени во твојата работа, што научи и што создаде ново?

-Најискрено, се радував на многуте стари клиенти и многуте нови, кога ќе ми се јават по телефон да ми вриштат како се најубави во мое парче…На крајот на денот тоа ми е најголемата сатисфакција, сè останато се заборава.

 

Boban-ez2015 (8)

bastetnoir.comChic UndercowearPop-up store SKPАнгела БлажевскаБобан ИлиевскиДарко Мишовскиесен-зима 2016Жарко Чулиќ
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • 1

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

    мај 13, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics