• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Cekic Filigran @Fashion & Lifestyle Expo: Филиграни како рефлексија на животниот пат

Од Ана Несторовска · На март 20, 2018

Cekic filigran 8

Животот е  неверојатно и возбудливо патување, кое секојдневно отвора нови хоризонти и носи нови предизвици. Се’ што треба е да ги прифатиме и да пробуваме нови нешта, можеби некои од нив ќе не’ доведат до нов извор на среќа. Филигранот сосема случајно донел нова енергија, креативност и возбуда во семејството на младата Нина Цекиќ. Иако е магистриран правник по Интелектуална сопственост, а по професија референт во позната туристичка агенција, таа наоѓа нов предизвик во изработка на современ накит со старата традиционална техника- филигранството. Нејзините креации првпат јавно ќе бидат изложени на третото издание на Fashion & Lifestyle Expo. В четврток (22 март), со почеток во 19.30 часот во  холот на Македонската опера и балет ќе ја презентира својата приказна, под наслов „Патот до еден успешен производ од филигран“. Накиот ќе може да се погледне двата дена во МОБ.

-Благодарение на луѓето кои од самиот почеток ми помогнаа при креирање на првата маркетинг кампања на мојата фан страна на Facebook, едно утро седејќи на работа добив повик од Огнена од „Моментум“, која всушност дознала за Cekic Filigran преку социјалните мрежи:) Накратко ми ја објасни идејата за настанот. Без размислување одговорив позитивно за средба на која ги дефиниравме деталите за денес официјално да сум горда што ја прифатив поканата за учество.Ова е мое прво учество воопшто на настан од овој тип. Токму затоа сум пресреќна и возбудена, што токму моите први јавни искуства започнувам да ги градам на реномирани настани. Очекувам посетеност, очекувам луѓето да одвојат од своето слободно време и да уживаат во она што имаат да го понудат сите изведувачи-вели Нина.

Nina slika 2

Нина Цекиќ стои зад брендот Cekic Filigran

Преку „Патот до еден успешен производ од филигран“  таа ќе ја пренесе приказната за идејата и создавањето на Cekic Filigran, а ќе го презентира и  процесот на изработка на еден производ од филигран. Во рамките на истото предавање, нејзината соработничка  Елена Поповска ќе зборува за Филигранството во Македонија.
-Она што мене најмногу ме радува е што токму на овој прв јавен настан ќе ја лансирам новата – Karmen’scollection. Колекција чиј дизајн го нацрта мојата мајка, која и го носи името Кармен. Новата колекција е приказна во која преку накитот се изразува животниот циклус на еден човек: патиштата низ кои минуваме, успеси, падови, среќни и тажни моменти, љубов, семејство…. Доказ дека креативноста е секогаш инспирирана од животните ситуации на секој поединец, и секако доказ дека сето тоа може да биде изразено преку аксесоарите кои исто така се секојдневен момент од нашето дејствување. Едноставно, приказна преточена во модерен рачно изработен сребрен накит-вели таа.

Karmen’scollection е составена од прстени, и комплети со алки и обетки. Семејството и најблиските се  прикажани во форма на круг во моделите, а од друга страна формата на прстените ги прикажуваат прегратките и љубовта.   Колекција која е модерна, уникатна, а притоа со вистинска приказна зад себе во која буквално секој може да се пронајде. Сите модели се изработени од сребро, со техника филигран, и истите ексклузивно ќе бидат прикажани на презентацијата.

Освен оваа колекција на нејзиниот штанд посетителите ќе имаат можност да ја погледнат и колекцијата My precious на Елена Поповска, со која соработуваат уште од самиот почеток.

Cekic filigran 3

На Експото Нина ќе ја лансира новата – Karmen’s collection чиј дизајн го нацртала нејзината мајка, која и го носи името Кармен

Cekic Filigran е приказна која датира уште од 2013 година, но активно и јавно функционира во последнава година.

-Едно попладне мојот татко, кој по професија е реномиран хирург – оториноларинголог , се врати дома и радосен извика дека треба да прославиме за успешно завршен курс  по филигран. Сите бевме во шок и неверување бидејки незнаевме дека воопшто посетува таков курс. Како минуваа месеците едноставно неможев да си поверувам како еден  човек , доктор по професија,со премногу обврски и стресови во денот,  го пронајде својот мир и простор за изразување на креативност токму во рачната израбока на накит со техника филигран. Верувајте ми нема ништо помотивирачки, нема оправдувања дека немаме слободно време, нема оправдувања дека сме презафатени – едноставно потребна е само желба, мотивација и макотрпна работа за да се постигне целта- раскажува Нина.

Во моментов освен што посетува курс за филигран во склоп на Занаетичиската комора во Скопје, учаи од својот татко и најважно има простор за изразување на своите идеите.

-По природа сум многу хиперактивна и многумина не веруваат дека токму јас започнав ова да го работам, а јас едноставно уживам и сум горда што се надминав себеси и докажав дека се се може, само ако се сака и верува во себе. Ова е мојот почеток во областа на дизајнот и модата. Сметам дека секој еден млад  човек треба да има отворени хоризонти и да се пронајде себеси во она што го прави среќен без разлика на претходно искуство и образование. Секој почеток е специфичен, меѓутоа без работа нема напредок, а без труд нема остварена цел :) Секој може да креира свое сценарио во кое ќе биде свој херој и зад себе ќе остави успешна приказна.

Од друга страна, неможам да не ги спомнам моите најблиски – би рекла мојот тим кој стои зад делот мода и дизајн во Cekic Filigran:другар ми Стефан Николовски – познат моден фотограф – виновникот за фотосесиите кои направија вистински „boom” и внесоа модерен, совршен сегмент во моите колекции, и мојата најдобра другарка Емилија Тасеска – архитект по професија, која е мојата поддршка во секој сегмент од дизајните кои се застапени во моите маркетинг кампањи, вклучувајќи го и логото на Cekic Filigran. Секако, и мојата прва братучета Тања Антиќ која е моделот на прекрасните фотографии. Полека но сигурно мислам дека чекориме кон остварување на нашите цели-вели таа.

Cekic filigran 7
На прашањето како би го дефинирала својот стил на работаа Нина вели:

-За некои чудно можеби, но она што моментално не прави различни од останатите е приказната преточена во еден сребрен производ. Да бидеме искрени, никој неможе да измисли – народски кажано „топла вода“ во занает кој датира од многу одамна, меѓутоа следењето на модните трендови, уникатните детали и уникатната приказна се клучните моменти за успех и одвојување од  останатите. Пример за претходно наведеното се фотосесиите на Стефан Николовски, со кои првично ја лансиравме идејата наречена Cekic Filigran, која се подготвуваше повеќе од 6 месеци. Од друга страна, согласно нашите клиенти, начинот на нашето пакување и жигот од восок во формата „C“ е исто така нешто уникатно што не одвојува од останатите. Стилот на работа би рекла дека е вкус на секој поединец и навистина е себично да се коментира.

Креациите се наменети за жени со различни вкусови, стилови и профили.

-Нашиот накит е наменет за сите што  на било каков начин ќе се поврзе со нашите колекции.  Генерално, треба да се напомене дека накитот  од филигран е многу нежен накит кој не е за секоја пригода. E специфичен, посебен, уникатен накит кој дополнува одреден стил за одредена пригода, а не за секојдневно комбинирање.  Моментално се трудиме да одговориме на сите типови на жени и девојки, и суптилно да Ви најавиме проширување на оваа целна група за многу кратко време -вели таа.

Cekic filigran 6

Во моментов нејзиното ателје односно работилница е сместена во домашни услови бидејќи тоа и го дозволува оваа професија. Но, активно соработуваа со Ателјето My PRECIOUS  – на Елена Поповска, каде што можат да се погледнат моделите од досегашните колекции. Главно продажбата се врши онлајн на нашите социјални мрежи : https://www.facebook.com/pg/cekicfiligran  и Инстаграм: @cekicfiligran Следејќи ги модерните трендови доставата (на територија на Скопје) и пакувањето на избраните производи е бесплатно, што претставува дополнително олеснување за секој клиент.

Cekic filigran 5

cekic filigran 4

Nina slika 4

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

Cekic FiligranFashion & Lifestyle ExpoKarmen’s collectionMy PreciousЕлена ПоповскаЕмилија ТасескаМакедонска опера и балетмакедонски дизајнери на накитНина Цекиќсовремен филигранСтефан НиколовскиТања Антиќфилигран
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • 1

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

    мај 13, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics