• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

НОВА БЕЗРОДОВА КОЛЕКЦИЈА НА „ЛУДУС“: Емоционални модни пејзажи инспирирани од музиката на Бјорк

Од Ана Несторовска · На ноември 9, 2016

17_ludus_XYYX

„Emotional landscapes
They puzzle me
The riddle gets solved
And you push me up to

This state of emergency
How beautiful to be!
State of emergency
Is where I want to be“

Стиховите од песната „Јога“ на уникатната пејачка Бјорк, како и нејзината музика, биле инспирација за новата безродова колекција на експерименталниот скопски бренд  „Лудус“.  Линијата нарачена Emotional landscapes премиерно ќе биде претставена на 15 ноември во 22.30 часот во салата „25-ти мај“ во МКЦ. Перформансот е во рамки на фестивалот за европски филм „Синедејс“, како дел од програмата  Fashion & Music, во која истата вечер ќе биде прикажан модниот документарен филм „Првиот понеделник во мај” (почеток од 21ч). По ревијата најавен е коктел, на кој музика ќе селектира диџејката Еми Ермилова.
-Колекцијата е насловена Emotional Lаndscapes,  што е всушнот фраза од песната „Јога“ од албумот Homogenic  на Бјорк. Генерално оваа колекција е заснована на нејзината музика, на имагинариумот што е далечен на ова поднебје. Ми беше предизвик тоа да го изразам со модни парчиња. Се работи за адаптабилни парчиња облека што одговаррат на различни телесни конституции. Изработени се во црна, бела и графитно зелена боја со додатоци од бакар. Материјалите се висококвалитетни стопроцентно природни волни, памук и лен-вели дизајнерот Драган Христов, кој стои зад етикетата „Лудус“.

Ludus i just because (19)

Дизајнерот Драган Христов, кој стои зад етикетата „Лудус“

>>Колекцијата е своевидно продолжение на темата започната со претходната линија  XYYX…Во кој сегмент се надоврзува на таа колекција и по што се разликува?
-Оваа колекција е побогата и двојно поголема од претходната, го зацврстува нашиот став за безродова мода и јасно говори за нашите визии во сферата на модата, општеството и културата. Технички како и секоја добра модна колекција мора да содржи и некаков експеримент и иновација, па овој пат се обидовме да уфрлиме рачна плетенина во неколку парчиња.

>>Какво е искуството од претходната безродова колекција. Дали нашиот пазар е созреан и има потреба од ваква линија?
-Нашиот модел на работа е адаптиран на интернационалниот пазар и за изненадување помина одлично и кај нас иако тоа не го очекувавме. Нашите клиенти се креативци, уметници, дизајнери уште од самиот почеток.

>>Колку моделите се врзни за оваа сезона (есен-зима ) и за актуелните светски трендови во машката, женската и унисекс модата?
-Настојуваме да правиме колекции надвор од сезонското претставување и вметнуваме типично зимски материјали во летните колекции и обратно. Впрочем, нашето име „Лудус“ ни дозволува елемент на изненадување во работата.

ludus revija MOB (22)

Претходната безродова линија XYYX беше промовирана во МОБ со андрогени модели

>>При презентацијата на претходната безродова колекција ангажира андогени модели преку онлајн пријавување/потрага. И за овој перформанс ќе трагате по модели преку интернет…Колку беше тешко да се изнајдат содветни модели?
-Од искуството со минатата ревија во МОБ решивме да работиме со модели што самите ќе се пријават за учество преку повик на социјалните мрежи. Тоа се покажа како многу подобро од професионалните модели. Нашиот ангажман да застапиме поинаква мода и алтернативна убавина мора да се одрази во сите полиња на работата на „Лудус“, па така и кај моделите.

>>Помина релативно кус период од претходната колекција , дали тоа значи дека ќе го забрзате темпото на создавање нови линии…и колку во перидоот меѓу двете колекции имаше време за други ангажмани, презентации, патувања, проекти….?
-Сметам дека две до три колекции годишно се сосема доволно. Тоа ми дозволува да се занимавам во меѓувреме и со други проекти од сферата на уметноста, што ме прави особено среќен. Изминатиов период со задоволство работев на создавање на прототипи за  брендот UberBerlin и за уметнички проект на  Press to exit што беше одлично освежување во мојата работна рутина.

>>Дали во план е  снимање на lookbook/ едиторијал за колекцијата?
-Едиторијалот ќе го изработиме заедно со Ана Марија Радосављевиќ и мислам дека ќе биде сосема различно нешто од претходните соработки.

ludus ss 2016a

И на новата колекција ќе соработува во фотографката Ана Марија Радосављевиќ, фото од едиторијалот за пролетната линија

Emotional LandscapesHomogenicјогаАна Марија РадосављевиќБјоркбезродова колекцијаДраган ХристовЛудусМКЦСинедејсунисекс„Првиот понеделник во мај“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics