„Emotional landscapes
They puzzle me
The riddle gets solved
And you push me up to
This state of emergency
How beautiful to be!
State of emergency
Is where I want to be“
Стиховите од песната „Јога“ на уникатната пејачка Бјорк, како и нејзината музика, биле инспирација за новата безродова колекција на експерименталниот скопски бренд „Лудус“. Линијата нарачена Emotional landscapes премиерно ќе биде претставена на 15 ноември во 22.30 часот во салата „25-ти мај“ во МКЦ. Перформансот е во рамки на фестивалот за европски филм „Синедејс“, како дел од програмата Fashion & Music, во која истата вечер ќе биде прикажан модниот документарен филм „Првиот понеделник во мај” (почеток од 21ч). По ревијата најавен е коктел, на кој музика ќе селектира диџејката Еми Ермилова.
-Колекцијата е насловена Emotional Lаndscapes, што е всушнот фраза од песната „Јога“ од албумот Homogenic на Бјорк. Генерално оваа колекција е заснована на нејзината музика, на имагинариумот што е далечен на ова поднебје. Ми беше предизвик тоа да го изразам со модни парчиња. Се работи за адаптабилни парчиња облека што одговаррат на различни телесни конституции. Изработени се во црна, бела и графитно зелена боја со додатоци од бакар. Материјалите се висококвалитетни стопроцентно природни волни, памук и лен-вели дизајнерот Драган Христов, кој стои зад етикетата „Лудус“.

Дизајнерот Драган Христов, кој стои зад етикетата „Лудус“
>>Колекцијата е своевидно продолжение на темата започната со претходната линија XYYX…Во кој сегмент се надоврзува на таа колекција и по што се разликува?
-Оваа колекција е побогата и двојно поголема од претходната, го зацврстува нашиот став за безродова мода и јасно говори за нашите визии во сферата на модата, општеството и културата. Технички како и секоја добра модна колекција мора да содржи и некаков експеримент и иновација, па овој пат се обидовме да уфрлиме рачна плетенина во неколку парчиња.
>>Какво е искуството од претходната безродова колекција. Дали нашиот пазар е созреан и има потреба од ваква линија?
-Нашиот модел на работа е адаптиран на интернационалниот пазар и за изненадување помина одлично и кај нас иако тоа не го очекувавме. Нашите клиенти се креативци, уметници, дизајнери уште од самиот почеток.
>>Колку моделите се врзни за оваа сезона (есен-зима ) и за актуелните светски трендови во машката, женската и унисекс модата?
-Настојуваме да правиме колекции надвор од сезонското претставување и вметнуваме типично зимски материјали во летните колекции и обратно. Впрочем, нашето име „Лудус“ ни дозволува елемент на изненадување во работата.

Претходната безродова линија XYYX беше промовирана во МОБ со андрогени модели
>>При презентацијата на претходната безродова колекција ангажира андогени модели преку онлајн пријавување/потрага. И за овој перформанс ќе трагате по модели преку интернет…Колку беше тешко да се изнајдат содветни модели?
-Од искуството со минатата ревија во МОБ решивме да работиме со модели што самите ќе се пријават за учество преку повик на социјалните мрежи. Тоа се покажа како многу подобро од професионалните модели. Нашиот ангажман да застапиме поинаква мода и алтернативна убавина мора да се одрази во сите полиња на работата на „Лудус“, па така и кај моделите.
>>Помина релативно кус период од претходната колекција , дали тоа значи дека ќе го забрзате темпото на создавање нови линии…и колку во перидоот меѓу двете колекции имаше време за други ангажмани, презентации, патувања, проекти….?
-Сметам дека две до три колекции годишно се сосема доволно. Тоа ми дозволува да се занимавам во меѓувреме и со други проекти од сферата на уметноста, што ме прави особено среќен. Изминатиов период со задоволство работев на создавање на прототипи за брендот UberBerlin и за уметнички проект на Press to exit што беше одлично освежување во мојата работна рутина.
>>Дали во план е снимање на lookbook/ едиторијал за колекцијата?
-Едиторијалот ќе го изработиме заедно со Ана Марија Радосављевиќ и мислам дека ќе биде сосема различно нешто од претходните соработки.

И на новата колекција ќе соработува во фотографката Ана Марија Радосављевиќ, фото од едиторијалот за пролетната линија
Нема коментари