• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ЕЛЕНА ТРАЈАНОВСКА: Моето време допрва доаѓа

Од Катерина Трајановска · На декември 2, 2014
1 (1)

Елена Трајановска за Stylist.mk фотографирана од Лепа Георгиевска во креација од Росица Мршиќ

Постои симпатична разлика од Елена Трајановска што ја запознав на почетокот од кариерата, кога заедно подготвуваме еден проект на модните новинари за Моден викенд–Скопје и едиторијал за „1Е Магазин“ и Елена по неколку години работа на меѓународен терен. Тогаш, во 2011 година ги направи првите чекори во манекенството и тоа под будното око на мајка и’ Рената, денес е веќе успешна во светски рамки и мошне пријатна и зрела 18-годишна девојка која е самоуверена дека нејзиното време допрва доаѓа. И тоа многу ме радува. Клучен момент е поддршката на Јелена Ивановиќ, поранешна српска манекенка со светска слава и модел-скаут и една од највлијателните во миланската канцеларија на Women Management. „Мојата кариера започна со Моден викенд-Скопје во 2011 година, кога бев забележана од страна на сопственичката на српскиот моден брендот „Мона“, Нада Момировиќ, којашто ја поттикна мојата сегашна менаџерка Јелена Ивановиќ да одржи кастинг во Скопје со помош на мојот матичен агент Алек Наумовски од модната агенција „Моделс Ин“,“ ни откри Елена. Всушност на тој кастинг Елена е единствениот избор на Ивановиќ, која подоцна ќе ја турне нејзината кариерата преку агенцијата Women која важи најдобра модна агенција во светот. Шест месеци подоцна следи нејзиното прво патување во Милано каде што учествува на ревии на модната недела, а веќе третиот ден од тоа нејзино прво патување ја доби првата голема работа за светски познатиот бренд Blue Girl. Потоа следат фотосесии за италијанските изданија на Glamour и Flair, подоцна Париз и учество на ревиите на висока мода, модна кампања за аргентинскиот бренд Inedita, а периодов е сконцентрирана на Њујорк. Во септември настапи на неколку ревии во рамките на Њујоршката модна недела, сними реклама за „Мерцедес Бенц“ која допрва ќе се промовира, но и едиторијал за виетнамското издание на Elle, лукбукови за Келвин Клајн и за „Сачин и Баби“. Елена признава дека позитивен елемент во нејзината кариера е поддршката од Алек и нејзината матична агенција „Моделс ин“, но грижливото водење на нејзината кариера од страна на Woman и њујоршката сестринска агенција Supreme. Да се работи за најдобрата светска модна агенција е одговорност, но и привилегија.Во минатите три години Елена соработуваше и со македонски дизајнери и публикации, учествуваше на модни ревии, сними каталози за Александра Митковска, Ристо Бимбилоски, „Лудус“, а во минатиов период беше дел од ревијата на „Елена Лука“ и се појави во едиторијал на Unique. Кога е во Скопје фокусирана е на Економскиот факултет, на помирен живот, на момчето Огнен, вежба и се негува во „Афродита С“, и додека го чека следниот повик за работа, знае и да сними некоја фотосесија со својот пријател, фотографот Виктор Наумовски.

2 elena za stylist (10)

Во модел на Лидија Геогиева во фотосесија на Лепа Георгиевска за Stylist.mk

>>Постојано го следиме секој твој чекор во професијата и забележавме дека периодов беше актуелна со снимањето рекламата за „Мерцедес Бенц“ и учеството на Њујоршката модна недела, па раскажи ни што уште сработи минативе месеци?

- Токму така, со огромно задоволство ќе соопштам дека бев дел од рекламата на „Мерцедес Бенц“ и учествував на Њујоршката модна недела. Исто така во првата недела од мојот престој во Њујорк успеав да сликам едиторијал за светски познатиот магазин Еlle, но и за американскиот магазин Relapse. На модната недела се појавив на осум ревии каде што чекорев со светски познати модели. Возбудливо беше да бидам дел од еден огромен проект на „Мерцедес Бенц“ и со нетрпение очекувам да излезе рекламата. Покрај тоа работев и многу каталози меѓу кој и оној за познатиот американски бренд „Сачин и Баби“.

3

Lookbook за американскиот бренд „Сачин и Баби“

>>Работеше во Милано, па се појави на модни ревии во Париз, а во последно време си сконцентрирана во Њујорк. Кој од овие градови најмногу ти легна? И како изгледа твојот њујоршки живот?

-Не сакам да кажам дека не уживав во својата работа додека бев во Милано и Париз, но мора да напоменам дека Њујорк е дефинитивно градот во кој најмногу се пронаоѓам себе си. На пазарот во Њујорк има премногу клиенти и модели, па така има доволно работа за сите, но доколку не си спремен да се бориш можеш да ги спакуваш куферите и да се вратиш од таму од каде што доаѓаш, бидејќи тој град нема време за чекање и секогаш има замена за секого.

4

На модните ревии на Нанет Лепор, Николас Кирквуд и Карен Вокер на Њујоршката модна недела во септември годинава

>>На своите ангажамни често ги среќаваш познатите модни дизајнери и популарни манекенки.  Кој од нив ти остави позитивен, а кој негативен впечаток?

- Кара Делевињ на социјалните мрежи е доста позната како откачена девојка, но таа кај мене има оставено многу позитивен впечаток на приземна девојка, додека Наоми Кембел ми е одбивна поради нејзината ароганција.

5 elle vietnam vo model na Valentino

Во креација на „Валентино“ во понов број на виетнамски Elle

>>Кој момент го сметаш за најуспешен во твојата досегашна кариера, а која задача најмногу ја посакуваш Што всушност значи да си успешен во светот на манекенкството?

-За најуспешни моменти во мојата кариера ги сметам сликањето за магазините Еlle и Glamour , онлајн-каталозите за Келвин Клајн, „Марни“, Александар Меквин, „Макс Мара“, ревија за Алвиеро Мартини, насловните за Flair и Fur. А најмногу посакувам да бидам на насловната страница на Vogue и дел од ревијана Роберто Кавали.

b_1773_124047

Дел од портфолиото на Елена

>>Градиш интернационална кариера и ретко прифаќаш ангажмани тука кај нас, но може да те забележиме на модна ревија и некоја фотосесија. Под кои услови прифаќаш да манекенска работа и што имаш периодов сработено? 

-Модата во Македонија сèуште не е развиена, па така и менталитетот наш е многу поразличен од оној во странство. Сè додека не ја сфатат мојата вредност јас нема да прифаќам какви било модни анганжмани. Инаку по моето враќање бев дел од ревијата на „Елена Лука“ и работев на новогодишниот календар за 2015 година на винаријата „Бовин“.

1901803_10201239148215494_6531591724569813706_n

Од онлајн-каталог за Келвин Клајн

>>Манекенките треба да внимаваат на својата силуета и на здравата исхрана. Како се грижиш ти за овие нешта, како ги негуваш лицето и телото, како се храниш и кои се препораките од модните менаџери и твоите скаути во однос на овој дел?

-За мојот изглед се крижи Сузана, сопственичката на козметичкото студио „Афродита С“, а моите менаџери советуваат секојдневно да се вежба, да се пие многу вода и здраво за се ихранува.

reklamna kampanjablugirl6

На самиот старт на интернационалната кариера сними рекламна кампања за Blue Girl

>>Со кого од манекенскиот свет се дружиш најмногу? Кои ти се пријателите во Њујорк, и постои ли пријателство меѓу моделите или сè се сведува на ривалство?

-Се дружам со оние кои што карактерно ми одговараат, па затоа и мојот круг на пријатели во странство е тесен. Да, постои пријателство меѓу манекенките, но е многу ретко, бидејќи ривалството доминира.

lookbook za aleksandra mitkovska

Фотосесија за Александра Митковска

>>Работиш за најдобрата светска модна агенција Women Menagement. Колку е тоа важно да се застапува престижна агенција, особено во тинејџерските денови, агенција која се грижи за своите модели во секоја смисла?

-Најважното нешто за правилно развивање на кариерата на манекенката е агенцијата. Имам преголема среќа бидејќи од моите 15 години соработувам со светски најпрестижната модна агенција која се грижеше за мене кога се соочував со суровиот моден свет.

7

Инсерти од снимањето на реклама „Мерцедес Бенц“

>>Велиш дека твоето време допрва доаѓа, дека сега се развива твојата кариера. Па што е во план? Во јануари веќе повторно патуваш?

-Токму така, моето време допрва доаѓа! Сè што работев до сега беше само колектирање на искуство и припремање за мојот моден поход. Точно е и тоа дека во јануари ќе патувам, но сèуште е рано да откријам каде.

collage

Фотосесија за магазинот Relapse

>>Дали манекенството отсекогаш ти беше сон или едноставно ти се случи?

-Уште од мала ми велеа дека сум многу убава и дека кога ќе пораснам треба да бидам манекенка. Мојата мајка додека растев ми раскажуваше за манекенките и полека ме насочуваше во таа насока. Манекенството ми беше сон уште од дете, па така со нетрпение чекав да пораснам.

10

Елена е една од ретките наши манекенки што учествувала на ревија на Париската недела на висока мода

>>Се чувствуваш ли дека осозреа побрзо од твоите врснички?

-Со тоа што кариерата ја започнав на мои 15 години и почнав сама да живеам во странство се чувствувам многу посозреана од моите врсници. Многу луѓе велат дека сум почнала со работа од многу мала и најубавите години од детството сум ги изгубила. Искрено, јас не се чувствувам така, бидејќи тоа само ми овозможи да бидам спремна за сèшто ме очекува понатаму.

2 elena za stylist (9)

Елена во креација на Никола Ефтимов (Фото: Лепа Георгиевска за Stylist.mk)

2 elena za stylist (8)

Елена во фустан од Ненад Секирарски (Фото: Лепа Георгиевска за Stylist.mk)

2 elena za stylist (13)

Елена во креација на Росица Мршиќ (Фото: Лепа Георгиевска за Stylist.mk)

175-14

inedita1

Реклама за Inedita

elena_t_g_it3

elena-trajanovska-mercedes-benz-03

elena_trajanovska_women7

Необична фотосесија на Ани и Дими со Елена и шминкерот Зоран Шурбевски

viktor naumovski

Фотосесија со младиот фотограф Виктор Наумовски

ristoaw12-13mailing_Page_01

Lookbook за Ристо Бимбилоски

ellevn-trend49-cong-chua-tuyet-3-490x587

Во креација на Долче и Габана за Elle Vietnam

Woman ManagementЕлена Трајановскаинтервјумакедонски манеМоделс Инфотосесија за stylist.mk
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics