• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ЈОВАНА ФИЛИПОВИЌ: Ново ателје, ресорт-колекција и креација од рециклиран материјал

Од Катерина Трајановска · На мај 20, 2015

jovana-filipovic1

Дизајнерката Јована Филиповиќ иако пред неполна година го промовираше своето ателје, поради зголемениот интерес и побарување на нејзините креации, таа в четврток ќе го открие новото далеку поголемо модно ателје. Прво во март се презентира на парискиот шоурум Be Next што се одржа за време на модната недела каде што ја прикажа колекцијата за есен-зима 2015/16, а потоа и во Шангај, во шоурумот на Alter, каде што сега ќе може да се најдат нејзините креации. Филиповиќ го следи светскиот ритам на прикажување на колекции, па по создавањето колекција една сезона порано, сега ќе презентира колекција од категоријата ресорт, а подоцна и креации за сезоната пролет-лето 2016. Но пред отркивањето на новото ателје и ресорт колекцијата, со Јована се гледаме вечер во „Цреша“, каде што на изложбата „Дизајнерите за Trash Fashion Macedonia“ во огранизација на ОХО ќе претстави своја креација направена од рециклирани материјали.

Изминатиов период се посвети на промоција на меѓународниот пазар и се претстави на шоурум прво во Париз и потоа во Шангај. Какво беше искуството и дали тоа значи дека веќе твоите креации се продаваат и надвор од Македонија?

- Да, пред два месеци бев дел од два шоурума, во Париз и Шангај. Искуството беше различно од досегашното и за мене претставуваше и еден вид на „школо” за тоа како и на кој начин треба да се работи. Имав можност да соработувам со луѓе кои се директно инволвирани во креирање на светската мода, да научам многу нови работи но и да ги воочам сопствените грешки. Мислам дека е искуство што секој дизјанер би требло да ги има, за да може да ја развива креативноста и својата работа во вистинската насока.

jovana filipovic resort 2016

Дел од колекцијата Resort 2016 што дизајнерката ќе ја презентира в четврток на отворањето на новото ателје

Во Париз и Шангај всушност ја претстави колекцијта за идната сезона, есен-зима 2015/16, од што се состои и дали ќе почекаме до есен да ја откриеш  пред домапната публика?

- Да, во октомври 2015 ке ја претставам колекцијата за претстојната есен/зима сезона. Во меѓувреме ке ја презентирам и колекцијата наречена „Resort 2016”, како најава за колекцијата пролет-лето 2016.

Покрај новата Resort колекција отвораш и ново ателје…

- Иако пред само една година го отворив првото модно ателје, работата налага да се проширам во нов, поголем и поорганизиран простор. Во четврот, на 21 мај ќе биде отворање на новото модно студио, и моето ново креативно катче каде што воедно ќе ја претставам и новата Resort 2016 колекција.

Како ќе изгледа новиот простор и колку е продолжување на твојата модна естетика?

- Поради потребите новиот простор сега ќе биде нешто помеѓу шоурум и студио. Тука ќе можат да се купат сите колекции, тие што ќе бидат пуштени во сериско производство, а исто така и уникатните парчиња облека. Ќе биде простор каде што јас ќе работам, творам и каде што ќе ги создавам сите идни колекции.

jovana filipovic za trash fashion

Од овие материјали дизајнерката прави шешир за „Дизајнерите за Trash Fashion“

Ново е исто така што беше ангажирана да креираш шапка од рециклирани за настанот „Дизајнерите за Trash Fashion“.  Како ќе изгледа твојот дизајн, која е почетната инспирација и од какви материјали е направен?

- Инспирацијата ми беше да создадам нешто „навидум носливо” и затоа избрав да направам шешир. При изработката на дизајнот најмногу искористив картон и хартија, во комбинација со текстил и вистинско цвеќе како детал.

Зошто е важно да се промовира концептот на самоодржлива мода, да се подигне свеста за заштита на животната средина, како и реискористување на стари материјали и облека за нов дизајн?

- Важно е затоа што секој ден земјата сè повеќе и повеќе се уништува, и се натрупува со синтетички материјали кои знаеме колку негативно влијаат на сè околу нас. Кога сите по малку би земале учество во заштитата на средината во која што живееме, кога сè повеќе би имало настани од типот на Тrash Fashion, и ние дизајнерите повеќе користиме природни и рециклирани материјали во своите дизајни,  животната средина би била по благодарна.

Дали самоодржливата мода е иднината на модната индустрија?

- Сметам дека да. Освен еколошката предност, мислам дека е добар начин да се развие креативноста на дизајнерите и да се поттикнат да прават облека од самоодржливи материјали. Материјали кои даваат можност за експериментирање и создавање на нови интересни и уникатни дизајни.

jovana filipivic shangai

Во минатите два месеци ја презентираше коелкцијата за есен-зима 2015/16 во Париз и Шангај за време на тамошните модни недели

Имаш ли совет како да се искористат стари парчиња облека и да се стилизираат на модерен начин? Што е клучно за да се создаде допадлив и повторно нослив дизајн од стара облека?

- Не многу луѓе кај нас сакаат да носат и да реискористуваат стари парчиња облека. За жал. Сметам дека многу поуникатност би имало на улиците доколку тоа би се правело. Треба само малку имагинација, добар кројач и за многу малку пари имате ново, уникатно и носливо парче облека.

Подолго време си на домашната сцена и твојата кариера се движи по нагорна линија, колку си задоволна и што се плановите за следниве месеци?

- Последниве месеци „пораснав” и како дизајнер и како човек. Доживеав искуства кои ми помогнаа и ме насочија кој една поинаква насока. Искрено, ниту се надевав ниту пак очекував дека ќе се случат оваа година, така да сум навистина многу задоволна. Сега ќе продолжам да работам и создавам со уште поголемо темпо, и полека да го ширам брендот надвор од границите на Македонија.

Trash Fashion Macedonia 2015Јована ФилиповиќДизајнерите за Trash Fashionмакедонски дизајнеримодно ателјересорт 2016рециклиран материјал
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics