• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 1

МАРТИНА ТАНАСКОСКА: Цветни круни извезени со стил

Од Ана Несторовска · На март 2, 2015

Martina Tanaskoska (33)
Првото венче го направила за себе пред две години, без помисла дека ќе побуди интерес и дека други ќе посакаат да носат таков модел. Од аксесоар за првоаприлска маска, денеска дизајнерката на модни додатоци за на глава, Мартина Танаскоска, успеа да  создаде препознатлив бренд. За кусо време круните, венчињата, лентите и шнолите La Martina Monroe, извезени со стил со цвеќе, кристали, панделки и бисери  ги красат главите на стотици девојчиња, девојки и жени од повеќе генерации.
-Идејата за венчињата дојде сосема спонтано.  Дома имав околу стотина вештачки ружи во темноцрвена – виолетова боја, кои требаа да имаат декоративна намена за нашата слава. Но, истите ги искористив како аксесоар за коса за мојата првоаприлска маска во 2013 година, каде што бев самовила. И така всушност „се роди“ првото цветно венче. А за оние со кристалите добив инспирација од ревијата Fall 2012 Ready-to-Wear на Dolce & Gabbana. И секако првото венче си го направив за себе, без помисла дека ќе сакаат и другите. Тука всушност се пласираше и тој вид на венчиња како мој производ-  ја почнува Мартина својата приказна.

 

Martina Tanaskoska (58)

Танаскоска  има изработено широк спектар на додатоци за коса. Рачно прави  украси за шноли, ленти, стегачи, венчиња, круни, шешири, брошеви, појаси и доста интересно и свадбени букети од вештачко цвеќе. Инспирацијата и креативноста за истите ја црпи секојдневно од сѐ што ја опкружува.
-Социјалните мрежи се доста добар двигател на една моја инспиративна креација. А и секојдневните настани, случувања, луѓето ми се мотивација. Сега, брендот  La Martina Monroe го препознаваат по цветните круни и Royal Evening венчињата со бисери и кристали. Убаво е чувството кога ме препознаваат моите клиентки, па ме претставуваат на нивното друштво со зборовите :„Е ова е Мартина, девојчето со венчињата“-вели таа.

Martina Tanaskoska (42)

Во моментов нејзината соба е претворена во цвеќарница од креативниот хаос и материјалите. Цветните круни ги изработува од метално венче и вештачко цвеќе и се трајни. Лентите за на коса можат да бидат од најразлични ткаенини, тантела, кадифе, ластик, украсени со цвеќе или пак пронижени со бисери и кристали . Венчињата од „Ројал“ колецијата се изработуваат на кадифе или памук, а на самиот материјал прави креации со бисери, кристали, циркони, метални ружички и друг вид на мониста. Експериментирањето  ѝ е главна карактеристика. Така и настануваат новите производи „Ла Мартина Монро“.
Дел од нејзините  венчиња ги споредуваат со тие на „Долче и Габана“. Мартина вели дека воопшто не ѝ пречат  компарациите со врвните дизајнери.
-Секако секој црпи инспирација од некаде. Па и тие црпат од природата, од уличната мода и јас од нив. Ги пратам скоро сите ревии, пробувам да го следам моменталниот трендинг, но сепак сè што правам е моја креација и  има мој печат. И да, ми годи споредбата со светски познатите и докажани дизајнери, не секој е достоен за таков комплимент-вели таа.

Martina Tanaskoska (32)

Украси со печат на La Martina Monroe носат од бебиња, стари само 30 дена, до жени во средна доба.
-Најчести клиентки ми се девојките на возраст помеѓу 22 – 35 години, меѓу нив и младите модерни мајки, кои имаат префинет вкус, сакаат да изгледаат елегантно и знаат што сакаат. Можам да потенцирам само дека не секој знае и може да ги носи. Па токму оттука доаѓа и некоја „природна селекција“. На сите им се допаѓаат, но не сите се смели да ги искомбинираат… Неодамна бев прашана, која јавна личност сакам да носи моја изработка. Одговорот беше Каролина. Нејзиниот стил на дива некако најмногу одговара на профилот на девојки кои ги носат моите изработки. Па ми се оствари таа желба, имав можност да изработам, подарок- шнола за неа.

Martina Tanaskoska (16)

Мартина, која е родена и живее во Скопје, е дипломирана новинарка. Но дизајнирањето додатоци за коса е нејзина главна преокупација.
- Работев како новинар, и додека студирав и после тоа, и некако тука не се пронајдов во таа професија, но никогаш не се знае. Сега сум цвеќарка и везилка. Колекционер сум на се што спаѓа под аксесоари. Од накит, часовници, ракавици, марами, капи, шешири, очила, до чанти. Има една интересна анегдота поврзана со мене. Неодамна ми беше роденден. Моја блиска особа, одбирала подарок по тој повод, каде што од страна на продавачката била прашана „што носи, што сака, каков тип на девојка е“. И одговорот на тоа прашање, можеби е едно од најдобрите објаснувања за мене – „ Сѐ“. Во текот на денот, можам да изгледам доста лежерно, хипстерски, раперски, па за вечерно излегување да дожиевам целосна трансформација или пак обратно, денски да носам шешир со пончо и нешто доста фенси, а вечерта да сум во маичка со апликација и кожни хеланки со чизмички. Доста трпам трансофрмации, како се чувствувам во моментот, така и изгледам. Во моментов, главна преокупација ми се поврзано со LMM (La Martina Monroe). Моето секојдневие е седење и везење. Доста време поминувам во изработување на нарачките. Можеби немам време за секојдневно дружење со другарките, но секако имам креативно – продуктивен ден-вели Мартина, која во моментов работи на еден поголем проект, но не сака да открива детали пред време.

Martina Tanaskoska (37)

Пред да се роди La Martina Monroe како бренд за венчиња, постоеше истоимениот блог за модни совети, секојдневни аутфит комбинации, совети и предлози за шминка и фризура, доста феминистички. Но истиот никогаш не го доживеа своето светло на публикација.
-Блогот сè уште постои, само што не го работам, но можеби наскоро ќе биде преориентиран како веб-страница за потребите на „Ла Мартина Монро“ аксесоарите…Во врска со модата, можам да кажам дека сум зависник од неа. Тоа ни е некако вдахнато на жените, а кај мене во семејството пособено. Сестра ми е моден уредник во списание. Покрај цвеќиња собата ни е „затрупана“ со модни списанија, каталози. Секојдневно сум  инволвирана што е ново, како на модната сцена кај нас, така и во светски домен. Ја следам модата и што се случува, буквално „висам“ на онлајн сајтовите, претплатена сум да добивам и онлајн верзии на списанија, така да спаѓам во групата „зависници“ од мода-вели таа на крајот.

Martina Tanaskoska (35)

Martina Tanaskoska (48) Martina Tanaskoska (51)

Martina Tanaskoska (1) Martina Tanaskoska (56)

 

Martina Tanaskoska (14) Martina Tanaskoska (15)

Martina Tanaskoska (7) Martina Tanaskoska (12)

Dolce & GabbanaFall 2012 Ready-to-WearLa Martina MonroeбисериброшевивенчињакадифекристаликруниластиклентиМартина Танаскоскановинаркапојасистегачитантелацвеќецветни венчињацветни крунишеширишноли„Ла Мартина Монро“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

1 коментар

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics