• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
здрав живот 0

Разговор со Огнена Васиљевиќ во пресрет на Health, Fitness & Wellness Expo

Од Катерина Трајановска · На септември 20, 2018

ognena (6)

Спорт и фитнес, здрава исхрана и вештини за личен развој, нови спортски дисциплини и потсетување на маалскките игри се дел во фокусот на четвртото издание на Health, Fitness & Wellness Expo кое ќе се одржи викендов, 22 и 23 септември, на терените на Работнички, во Градски Парк Скопје. Овој интерактивен настан повторно на едно место ќе обедини изложувачи, содржини, презентации, вежбање, дегустации на теми здрав живот, вежбање, добросостојба. Зад HFW Expo стои маркетинг агенцијата Моментум, а ние разговаравме со сопственичката Огнена Васиљевиќ која што го подготвува настанот со својот тим и ни откри нешто повеќе за програмата на настанот, но и за тоа што ја инцирало оганизацијата на #hfwexpo.

ognena (7)

Како се роди идејата да организираш токму ваков настан и колку сметаш дека преку него се поттикнуваат добри навики за здрав животен стил?

-Идејата дојде спонтано и некако сама од себе. Сè започна со Health, Fitness & Wellness Expo, а дојде како одговор на прашањата: Во што уживам и што сакам да правам? – Здрав и активен животен стил. Што знам најдобро да правам? – Да организирам настани. И би HFW Expo.Драго ми е што со тимот на Моментум настанот го збогатуваме и добива нов лик, карактер, содржина, и што од година во година нудиме се подобар проект. Да, сметам дека настанот поттикнува здрави навики, бидејќи низ годините имаме примери за голем број посетители кои научиле нова спортска дисциплина, или пак биле поттикнати здраво да се хранат, или направат некаков мал чекор кон здравиот начин на живот. Во најмала рака, секој кој го посетува настанот без разлика со колкаво искуство или пракса во овие области, секогаш може да чуе и научи нешто ново.

ognena (8)

Фото: Александра Костадиновска

Неколку дена пред почетокот на HFW Expo 2018 програмата е веќе комплетирана. Кои содржини можете да ги најавите и како е поделена програмата?

-Имаме одлична програма на главната сцена, целата може да се погледне ОВДЕ. Програмата е добро избалансирана за да содржи и фитнес и спорт, нутриционисти и разни теми околу здравата исхрана, интересни и нови вештини и дисциплини, како и доста велнес низ разни масажи и третмани. Целта е секој да пронајде нешто за себе и да дојде за да ужива.

Кои се изложувачите на поради кои вреди да се посети настанот? Кои области доминираат?

-Ах, сите вреди да се посетат! J Секако би ги издвоила Sport Inn, кои се единствен официјален Spinning центар во Македонија, а благодарение на нив ги имаме и Gibbon Slacklines Macedonia, па можеме да се запознаеме со Slackline и да си тераме #slacklife, што е посебно интересна дисциплина. Ги поканувам сите да ни се придружат во сабота во 12:30, за големото slackline шоу кое ќе биде посебно интересно.

Би ги издвоила и Be Healthy, високонадежна компанија од Македонија со иновативни производи кои се реткост и за Европа, Ars Lucida Coaching & Training за оние кои сакаат да работат на личниот развој… Но навистина, ќе има огромен број на изложувачи секој од нив максимално интересен и релевантен во темата која ја обработува, па навистина ми е неблагодарно да издвојувам. Ја поттикнувам публиката да дојде и да прошета низ настанот, бидејќи ќе има навистина многу убави содржини и нешта за секого.

37421029352_c071822125_k

Дали посетителите можат на овој настан да договорат некој план за вежбање, да набават здрави суплементи, да слушнат корисни предавања, да се инспирираат да почнат нови здрави навики…?    

-Апсолутно да, сè од наведеното. На настанот ќе може да се прават лични консултации со фитнес тренери, нутриционисти, ќе има одлични предавања и отворени тренинзи, многу дегустации и бесплатни примероци, ќе може да се приклучат и на натпреварот НАРОДНА и да освојат некоја од над 70 награди… Има многу причини за да се дојде 

Да, најавувате потсетување на оваа маалска игра, за што поточно се работи?

-Да така е, правиме турнир во улични игри, а во своето прво издание организираме турнир во НАРОДНА – онаа добро позната маалска игра која ја игравме во детството. Целта е да понудиме и натпревар и активност каде може да се вклучи СЕКОЈ, без разлика на физичката подготовка, искуство, или слично. Сакаме да се размрдаме и да се забавуваме, и да се вратиме во безгрижните детски денови кога сме играле вакви игри. Воедно, ќе има преку 70 награди, па ги поттикнувам СИТЕ да се пријават овде, може и индивидуално и во тим, за еден забавен и возбудлив викенд 

30033025132_927482fff8_k

Што вежба и како се грижи за своето здравје тимот на HFW Expo? Дали самите вие сте добри амбасадори на настанот?

-Па мислам дека во голема мера сме добри амбасадори на настанот. Секако, никој не е совршен, па имаме и ние некои не-толку-идеални навики, но ете, јас лично сум најсреќна кога вежбам фитнес, едноставно уживам во сала за вежбање; се трудам здраво да се хранам, и да бидам информирана за новите трендови и насоки во здравиот животен стил.

Софија вели: Иако жалам што морам да признаам, секојдневните обврски си го прават своето кога е во прашање спортувањето. А јас пак секогаш сум имала проблем со  она класично вежбање во сала. Но, обожувам да пешачам! Секојдневно пешачам по минимум 5 км. А доколку времето ми е наклонето додавам некој километар плус во дневните пресметки . Секако, во мојата дневна рутина неизоставен дел се и природните чаеви (и тоа оние на Good Nature). Комбинацијата од пешачење и природни чаеви се онаа добитна комбинација за мене и моето тело.

На Марко пак не му стартува ден без богата порција мешано сезонско овошје. Тој вели: Понекогаш отстапувам од ова, но се трудам да одвојам барем 3 дена во текот на работна недела на активно вежбање, понекогаш и на кејот на Вардар. А викендите се загарантирани за исцрпувачка партија фудбал со пријателите.

IMG_7220

Софија, Огнена и Марко спремни за HFW Expo 2018

hfw expo

23602824938_9562d95a9c_k

37412181196_36f38e14e6_k

30033371462_d638e579aa_k

37412223816_a672f435c7_o

 

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • NutritionBasicshome здрав живот

    Оваа храна го брише салото на стомакот

  • orange-grapefruit-juice здрав живот

    Детоксикација со сок од портокал и грејпфрут

  • nutri здрав живот

    Нутри 100% интегралнити бисквити со три нови вкуса

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • Double Tree by Hilton - Skopje 010

    Roof Bar 55 на „Хилтон“ – гастрономско уживање со софистициран панорамски поглед

Модна азбука

  • КАФТАН-долга горна облека без крој

    април 28, 2016

Видео

  • 7f5e1130-1825-4fab-9f3b-b1cec7b3f598_783011_tablet_landscape_large_16_9

    Денеска ги слушаме Hooverphonic

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • karl-lagerfeld

    Почина модниот креатор Карл Лагерфелд

    февруари 19, 2019
  • zimski kaput proleten fustan (10)

    Микс на зимски палта и пролетни фустани за февруарското променливо време

    февруари 19, 2019
  • 1

    Женственост во стилот на 70-тите кај Викторија Бекам

    февруари 19, 2019
  • 633275c4-37be-4397-aafc-c2edccc19b00

    „Медена земја“ по триумфот на „Санденс“ ќе се прикажува во кината во САД и на „МакеДокс“

    февруари 18, 2019
  • 2

    Каков фустан да изберете за да го сокриете стомакот

    февруари 18, 2019

Убавина

  • 1

    BEAUTY BOX: Нови пудри на Guerlain, La Mer и Dior

    февруари 18, 2019
  • 61Up_for_Everything-matas_1060

    Новата M.A.C. Up For Everything Mascara совршено ги витка и издолжува трепките

    февруари 15, 2019
  • oriflame protiv brcki (3)

    Како за кратко време до блескава кожа без брчки

    февруари 15, 2019
  • vday-fragrance

    Романтични парфеми за неа и за него

    февруари 13, 2019
  • CAMILA COELHO

    MAKE UP TUTORIALS: Шминкерите предлагаат изглед за Свети Валентин

    февруари 11, 2019

Живот

  • 1

    Студиото на Заха Хадид креира вазни за Rosenthal

    февруари 15, 2019
  • Uchenicite vo uchilishteto Nova

    Канадскиот премиер Џастин Трудо се допишува за климатските промени со македонски ученици

    февруари 8, 2019
  • MAR_4366

    Fit Family предизвик – вежбајте и слабејте заедно со познатите во #30dayschallange

    февруари 6, 2019
  • Мастер шефот Марк де Јонг со курс за готвење во „Јавна соба“

    јануари 28, 2019
  • image2

    Huawei го претстави новиот P Smart 2019 на специјален настан во Скопје

    јануари 24, 2019

Култура

  • 633275c4-37be-4397-aafc-c2edccc19b00

    „Медена земја“ по триумфот на „Санденс“ ќе се прикажува во кината во САД и на „МакеДокс“

    февруари 18, 2019
  • IMG-18a36f61e7533631e78e3c92ba963a30-V

    Македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ со две престижни награди на Берлинале

    февруари 17, 2019
  • EFOC_YEH_A3

    Изложба на дела од работилницата “Емоции за еден град” – изложба за подобро утре

    февруари 11, 2019
  • 3 Roma-The-Favourite

    BAFTA 2019: „Рома“ најдобар филм, седум награди за „Миленичка“

    февруари 11, 2019
  • 2 (1)

    Две недели џез во „Бруклински“

    февруари 6, 2019

Тагови

FWSK Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонски дизајнери модна ревија накит насловна страница пролет-лето 2015 рекламна кампања улична мода
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics