• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ГЛИГОР КУЗМАНОВСКИ: Раскажувач на нежни дрвени приказни

Од Ана Несторовска · На октомври 16, 2014

gligor glavna3

Од навидум обичните парчиња дрво создава цел нов естетски свет исполнет со топлина и емоции. На дрвото му ги шепнува приказните на луѓето, а од тоа се раѓаат нежни парчиња накит, чиниш се свилени или со скапоцени камења. Инспириран од многуте патувања, различните култури, времето, спомените и чувствата, дизајнерот на модни додатоци Глигор Кузмановски ги создаде новите парчиња накит кои ќе ги претстави на изложбата наречена „Дрвени приказни”, што ќе биде отворена на 21 октомври во 20 часот во скопското арт-кафе „Концепт 37“.
-Станува збор за еден вид омнибус од повеќе приказни работени во последниве година- две. „Дрвени приказни” претставува збирка од кратки раскази одвоени со запирки. Застапени се различни теми, кои се разликуваат стилски една од друга, и кои ќе бидат претставени како такви во просторот, секоја засебно, наизглед далеку, но блиску до следната. Секоја приказна си има посебна порака, интимна и отворена, моја и сечија…Како колекција ќе ја издвојам „Аморфни тела за сите тела” , произлезени од природата на секој од нас, каде што парчињата се изработени со идеја да си “легнат” на секое тело независно од вајарската форма на истото- вели Глигор и открива дека за добрата атмофесра на отворањето во „Концепт37“ ќе се погрижи диџеј Rodrigo Miravalles(Suvo Oko).

gligor (2)

Промотивните фотографии за „Дрвени приказни“ фи изработија Ана Лазаревска(АНЕМОНЕ) и Марија Николовска

Ова е прва самостојна изложба на креативецот, кој има дипломирано Историја на уметност со археологија. Вели дека чувствува позитивна трема пред изложбата во Скопје.
-Возбудата и тремата се поголеми кога треба да се претставиш пред твојата публика, во родниот град… Навистина не е лесно, никогаш не сум замислувал дека ќе биде вака… ми се случува еден мисловен маратон! Сега за сега сум фокусиран на деталите и доработките и некако ги одложувам сите емоции за дента. Но можам да кажам дека пепрутките живеат повеќе од еден ден (во мојот стомак) -вели дизајнерот на накит.

gligor (3)

Фото: Ана Лазаревска(АНЕМОНЕ) и Марија Николовска

Љубовта кон давање нов живот на парчето дрво кај Глигор се развила уште во раното детство, кога сам си ги изработувал играчките. Во тинејџерските денови почнал да креира накит со првите монисти. Нема посетувано никаков курс за изработка на накит, но факултетот, Историја на уметност со археологија имала значајна улога во неговото насочување кон оваа дејност… Креира прстени, алки, ѓердани, обетки и брошеви од дрво со уникатен дизајн. Изработува секакви форми што ги дефинира како скулптури кои можат да се постават на било кој дел од телото, во било која форма. Од двото секојдневно ваја по некоја нова фигура: лисици, буфчиња, елени, ежиња и други животни, мотиви од африкански племиња, разни предмети од секојдневието, апстрактни фигури, фикциски и реални ликови, и уште многу други форми. Најчесто како материјал го користи оревот, но некогаш употребува и смоква, цреша, во зависност од идејата, бидејќи сите три се со различна боја, дозволуваат интересна игра.
-И во изработката на „Дрвени приказни” останувам верен на дрвото. Колекцијата „Аморфни тела за сите тела”, на пример, е изработена од дрво во својата природна боја, на моменти искомбинирано со алуминиум, додека кај другите има игра со боја, метал, стакло во благи брановидни форми. Немам конкретна целна група и намена на моделите, ги изработувам за сите оние кои ќе се пронајдат во тоа што го споделувам, млади, стари, жени, мажи…-вели Кузмановски, кој деновиве направи и промотивна фотосесија за колекцијата со Ана Лазаревска(АНЕМОНЕ) и Марија Николовска.

gligor (5)

Фото: Ана Лазаревска(АНЕМОНЕ) и Марија Николовска

По изложбата во Скопје, која ќе трае до 23 октомври, заминува со постановката во Валенсија, Шпанија.
-Пред половина година бев во Шпанија во посета на драги пријатели, кои што ми помогнаа да стапам во контакт со Le petit Canibaal, каде што оставив дел од работите. Тоа е еден повеќенаменски објект, кој функционира како библиотека, галерија, во кој често се организираат креативни работилници, поетски читања, изложби. Веднаш се почувствува топлината на просторот и на сопственикот. Уште тогаш направивме договор да организираме изложба на есен.

gligor (1)

Фото: Ана Лазаревска(АНЕМОНЕ) и Марија Николовска

Глигор покрај самостојната работа како дизајнер на накит има остварено и соработки со наши модни креаторки. Досега има соработувано со Росица Мршиќ на две нејзини колекции. Изработи уникатни ѓердани и брошеви инспирирани од природата за колекцијата есен-зима 2011/12, како и накит (обетки, прстени, алки и ѓердани) мотивиран од африканските племиња за линијата пролет-лето 2012 која беше презентирана на Модниот викенд-Скопје. Неодамана беше претставена и неговата колаборација со креаторката Силвија Михајловска, која стои зад ателјето „Алшар“.
- Добив повик од Силвија, ми расказа за своите идеи, се договоривме и почнав со неколку парчиња. Бевме во контакт цело време, ја видов колекцијата, и на тоа се надоврзав со уште неколку модели. Инспирирана од Пиет Мондриан, воопшто не ми беше тешко да се најдам во темата, која ја имав претходно работено, овој пат наоѓајќи предизвик во новите форми и директната намена. На крајот изработивме и фотосесија, од која се гледа дека соработката е успешна, а нејзината и мојата работа соврсхено се вклопија…Задоволен сум и од двете соработки, и од таа со Росица и од таа со Силвија. Не би можел да наведам некоја разлика. И со двете дизајнерки работата беше сведена на комплетна слобода и разбирање. Двете покажаа почит и доверба кон мене и мојата работа. Се надевам дека и тие се толку задоволни колку и јас. Благодарам Росица, Благодарам Силвија-вели тој.

gligor (4)

Фото: Ана Лазаревска(АНЕМОНЕ) и Марија Николовска

Глигор е неуморен творец, секојдневно нешто создава во своето ателје. Вели дека никогаш не може да се повтори во изработката на едно парче и дека секоја нова креација, колку и да наликува на претходната, сепак е со посебна приказна. Со своите парчиња накит, но и со своите скулптури често учествува базарите, групните изложби, поп-ап продавниците и хуманитарните настани настани кај нас. Има преставено свои скулптури на Групната изложба во Музејот на Свети Николе (2007) и во Мала Станица (2008). Имаше заедничка изложба на накит со својата колешка Елена Ристовска во склоп на „Поетски ноќи- Велестово“ (2011). Беше дел од групната постановка „Накит на метро” во МКЦ (2012), а колекцијата „Вулкан” ја претстави на Неделата на дизајн во Скопје, истата година. Во 2013 година учествуваше на „Мода за понети” – во „КЦ Град“ во Белград, колекцијата The sea inside ја претстави на групна изложба во Музеј на македонската борба, а учествуваше и на Поп-ап продавницата во кафе-бар „Цреша“. Беше дел од годинашната изложбата на модни додатоци на манифестацијата „Прво па женско“. Глигор ја изработи и статуетката за најдобра манекенка на наградите на Stylist.mk доделени по пролетното издание на Моден викенд-Скопје.

gligor Kuzmanovski (2)

Глигор Кузмановски со статуетката што ја изработи за Наградите на Stylist.mk

ВаленсијаГлигор КузмановскиДрвени приказнидрвоизложбаКонцепт 37македонски дизајнери на накитнакит од дрвоСкопјеШпанија
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1stefanija

    Модна колекција „Вечност“ на Стефанија Насеска инспирирана од златните маски од Требеништа

    ноември 13, 2025
  • Фестивал на чај

    Од 14 ноември „Фестивал на чај“ под слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“ во Скопје сити мол

    ноември 12, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 2

    Добротворна модна аукција „Fashion with a Cause“ во рамките на Моден викенд Скопје

    ноември 6, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025

Култура

  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics