• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Горан Костовски- IndOg: Носталгично скејт-патување во урбаните скопски 90-ти

Од Ана Несторовска · На ноември 18, 2016

indog-ez2016-10

Носталгијата кон 90-тите години и времето на безгрижните тинејџерски денови исполнети со многу дружење, смел имиџ, шаренило од супкултури и урбани настани, се рефлектира во новите дуксери на скопскиот визуелен уметник и графички дизајнер Горан Костовски- IndOg. Мини колекцијата „Мемории“ содржи унисекс црни дуксери со жолт принт и на кои се натписите:

„Best way to make yourself happy in the present is to recall happy times from the past.
Take care of all your good memories they’re unforgettable…
Create and Celebrate your own memories.“

Со желба да потсети на атмосферата на урбано Скопје, во кое растел и се развивал како личност и артист, IndOg деновиве сними фотосесија во скејт-атмосфера бидејќи, како што вели, тоа е за него единствена останата супкултура во македонската метропола.
-Се навраќам во 90-тите бидејќи, нели, ова се новите 90-ти во модата . Можби не е тоа толку видливо на нашата сцена, колку што може да се забележи во поголемите културни центри во Европа и светот . Со линијата се навраќам на времињата кога навистина се чувствував прекрасно и доживував поубави нешта. Денеска сме окупирани со ужастии и гнасотилаци и затоа сметам дека помислување на некои фини работи можат само да нè мотивираат повеќе да се стремиме кон нештото што некогаш било подобро. Не знам зошто, но некако подобро паметиме лоши работи од добри, а треба да е обратно нели? :) Мора да поминеме низ хорор и патење за да разбереме дека среќата се состои и е дел од самите нас . Спомените се најдобрите нешта колку и да е носталгично романтично сето тоа-вели тој.

Photo: www.kuzevski.net

A photo posted by Goran Kostovski (@indog) on Oct 18, 2016 at 3:32am PDT


>> Со „Мемории“ потсетуваш на 90-тите…Дали стилски или филозовски е навраќањето?
- На 90-тите, посебно на периодот од 1997 до 1999 се сеќавам како на бурни тинејџерски времиња, исполнети со нови работи цел нов свет се отвараше тие години за мене. Ако ги прашате повозрасните, веројатно ќе ви кажат дека 70-тите или 80тите биле подобри. Секоја генерација си свои години кон кои е носталгична. Според мене, последните реално креативни години во сите полиња беа 90-тите. Оттогаш сè некако рециклираме, не дека тоа е нешто лошо, но последната афтентична ера е тоа. Некако вистинските работи се појавија таму. Видете само како одвратно изгледа поп-сцената сега, кои се новите поп-икони на денешницата?.

>> На светската модна сцена актуелно е враќањето на стилот од 90-тите. Каква е твојата лична конекција со 90-тите. Колку си носталгичен кон тој период, на моден и културен план?
-Точно, последните три години индустријата го направи хеви-металот и гранџот мејнстрим, а има и ривајвл и на истите бендови. Се случуваат новите 90-ти, погледнете ги децата, оние што се поотворени кон светот, и ќе видите дека изгледаат исто :) Јас растев во 90-тите со таа мода и гранџот. Прво носев скинати фармерки, карирани кошули и долга коса. Влијанието на Курт Кобејн од „Нирвана“ и сите бендови од тоа време и те како е присутно ден денес :) После тоа дојдоа широките фармерки, суканиците, пирсовите, хард-кор музиката, скејтот, а потоа и техно-музиката. Сум носталгичен на моменти од можеби безгрижни причини и работи со кои што не се соочувам денес. Секако борбата со задржувањето на детето и индивидуалноста се дел од 90-тите.

indog-ez2016-2

Фотосесијата ја сними Марко Монс

>>Која е твојата лична и дизајнерска порака/идеја што сакаш да ја пренесеш со натписите на новите блузони?
-Повикувам луѓето повеќе да инвестираат во своите духовни спомени и нешта што ќе им значат и по 10, 20 години. Прекрасно е секогаш да имаш нови доживувања.

>> И покрај слабата финсиска исплатливост ти продолжуваш секоја сезона да создаваш дуксери (или маички) со автентичен принт …Што те мотивира и не ти дава да се откажеш од овој , безмалку ентузијастички потег?
-За жалт ова е далеку од бизнис и е повеќе ќеф да се создава улична мода за да има нешто и кај нас а, секако и да живее мојата визија за подобро, среќно недискриминирачко општество. После шест години во нормална и развиена средина Celebrate life досега ќе беше најмалку бренд со по 30 парчиња облека од сезона, но се надевам дека некако ќе успеам да стигнам и до тоа. Тешко е и мачно бидејќи јас ги разработувам на ниво на повеќе парчиња, а најчесто реализирам едно до три. Досега само канцеларијата на Европската унија во Скопје наиде на отвореност и тие ја поддржаа мојата претходна колекција. Веројатно, ако се појави некој кластер или донатор кај нас што поддржува дизајнери ќе се случи, а до тогаш ќе тера вака на принципот направи сам. Им благодарам навистина на луѓето кои што безрезервно даваат поддршка, што веруваат и го носат ова парче душа во кое што имам и јас дадено дел од себе :)

indog-ez2016-7

Како модели се јавуваат Леа млада уметница и девојче што круза со short board низ Скопје и Бојан кој што е со својот лонгборд насекаде низ улициве.

>> Деновиве фотографиравте lookbook во скејт-атмосфера. Колку таа се надополни со идејата за „Мемории“ и со кого соработуваше овој пат?
-Зависи од годината и инспирацијата или текот на настаните секоја илустрација си го носи и печатот од времето. Претходната колекција „Слобода“ беше тотално инспирирана од 70тите и таквиот стил на илустрација оваа е 90-тите. Низ сите овие години скејт културата остана достојна во нашиот град и не се упропасти и опстои за разлика од останатите супкултури токму затоа скејтот е дел и од оваа сесија исто и за ланската сесија имавме скејтер. Огромна почит за сите тие луѓе што прават диверзитет во нашето сивило! Сликаше Марко Монс, а на фотките се Леа млада уметница и девојче што круза со short board низ Скопје и Бојан кој што е со својот лонгборд насекаде низ улициве… Секогаш се трудам во сесиите да вклучувам момци и девојки кои што не се дел од калапот и работат на својот сопствен стил и индивидуа. Кои што знаат и имаат почит кон облеката што ја носат. Леа ќе биде идна графичарка а, Бојан веројатно нешто поврзано со електроника иако ако му го видите инстаграм профилот делува дека е режисер или видео монтажер. Со Монс сликаме втор пат и навистина е фантастично како млади луѓе се вложуваат и работат со ќеф.

indog-ez2016-12

Фото: Марко Монс

>> Изминатава година во три наврата беше во Лондон…Една од најголемите раскрсници на културна и стилска разноликост, слобода и креативност…Кој беше поводот за овие патувања? Што научи од Лондон и лондончани, колку тие те променија и што „донесе“ со себе во своето Скопје?
-Oх да, Лондон беше соочување со себе и сите инспирации кои што директно извршиле влијание врз мене низ годините. Прекрасно искуство прекрасно посебно тоа што градот те зима и те носи цело време и те остава без здив. Диверзитет на мултикултурализмот, модните„фрикови“ што ги гледаме на интернет се вистински и секој ќош е сопствена приказна. Досега не сум бил во друг град каде што сум сретнал толку многу култури на едно место. Прекрасно е што сите луѓе донеле дел од себе таму и создаваат една поинаква атмосфера дури можам да кажам дека е нереално колку е сè јако и не ти се верува што гледаш. Кога живееме во мала и заостаната средина, како нашата, на моменти мислиме дека сме луди ама кога ќе сретнеме индивидуалци и луѓе кои што се занимаваат само со себе и како они да бидат посреќни се е поинаку. Тоа што го гледаш и доживуваш таму на тие улици е неверојатно. Инаку покрај сето тоа задоволство што ми се случуваше држев двапати предавања и еднаш бев на настан каде што се откриваа нови таленти во Лондон. Донесов многу работи во себе и секако ми се случи огромен апгрејд и многу ми е жал што не сум во финансиска можност да одам и да научам нешто плус од сите тие прекрасни универзитети таму. Инаку секогаш кога ќе се вратам од некаде се трудам да имплементирам работи и кај нас меѓутоа толку не наидиваат на поддршка дури и намерно контра да одат за да не се случат па затоа ќе работам за некогаш сето мое искуство да го пренесувам некако и тука.

indog-ez2016-18

Фото: Марко Монс

>> Ти си еден од најголемите критичари на сивилото, некултурата, кичот и невкусот што го зафатија Скопје изминативе години. Колку со твоите ангажмани се обидуваш да алармираш и да реагираш за менување на нештата?
- Видиш, никогаш не сум се доживувал себе си, а и не се потпишувам како активист. Инаку тоа е мојот начин на делување и навистина сакам да живеам во подобра средина бидејќи е наша одговорноста да станеме подобри од општеството каде што сме растеле и да создадеме подобри услови за живот. Тие мои коментари и мојата уметност најчесто ми носат негативни последици посебно на полето работа и финасии за преживување но, целата таа мизерија и неправда кај мене тера на продуктивност. Промени ќе има кога самите ние ќе сакаме да се случат и секако изгубената култура е инспирација за нови идеи. Јас не си отидов од тука, и на моменти се каам што ги пропуштив сите тие прилики што ги имав, но на моменти си викам „па види каде на друго место ќе имаш волку инспирација“. Самиот факт што последниве осум години толку многу се развив и работев на себе, што навистина можеби треба да сум и благодарен на мизеријата и сиромаштијата. Ако бев комотен веројатно немаше да се случи ништо од овие проекти кои што ги работам последниве години. Иако само сум 30% од потенцијалот кој што го поседувам и не мислам дека сум генијалец и најдобар него едноставно нема можност како да се развиваш повеќе во средината тоа ме фрустрира и ме тера да работам само повеќе и повеќе.. Да се надеваме дека навистина ќе успееме да живееме во достоен и културен град каде што ќе има простор и место за сите.. Имам сè уште надеж за Скопје, бидејќи е град – Феникс…Низ историјата цело време му се случува нешто, но тој повторно се издигнува и живее. Заслужуваме да живееме!

indog-ez2016-16

Фото: Марко Монс

>> На што си посветен изминатиов период, и какви ти се плановите за догледно време?

-Имам спремна изложба која што се надевам ќе се случи во теков на наредниот период. Инспирирана е од градот и неговото дејствие. Почнав да скицирам за пролет-лето илустрации и теми. Сè уште не знам која ќе биде вистинската тема бидејќи ги има премногу :) Се надевам дека ќе продолжам да држам предавања и да го пренесувам тоа што го знам, бидејки тезата е да не бидам себичен и одвратен како претходните генерации кои што само им одмагаат на младите луѓе, туку се трудам да ги мотивирам да работат и творат повеќе.

indog-ez2016-1

Фото: Марко Монс

indog-ez2016-3

Фото: Марко Монс

indog-ez2016-5

Фото: Марко Монс

indog-ez2016-13

Фото: Марко Монс

indog-ez2016-4

Фото: Марко Монс

indog-ez2016-14

Фото: Марко Монс

 

indog-ez2016-17

Фото: Марко Монс

indog-ez2016-19

Фото: Марко Монс

indog-ez2016-21

Фото: Марко Монс

indog-ez2016-20

Фото: Марко Монс

90-титеIndOgГоран КостовскиГоран Костовски- IndOgИндогМеморииносталгијаскејтСкопје
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics