• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

ЈЕЛКИЦА ПОПОВСКА – Escape from the red carpet ја прегазува лажната приказна за гламурот

Од Ана Несторовска · На април 25, 2014


Сексапилот на легендарната Брижит Бардо, која е една од предводниците на кратките здолништа и високите (над колена) чизми и моделите со висока половина од доцните 50-ти години, биле инспирација за младата креативка Јелкица Поповска и нејзината мајка, Виолета, да ја создадат мини-линијата Escape from the red carpet. На неодамна одржаниот Моден викенд-Скопје со перформанс ги претставија креациите, кои се во доминантна црвена боја.

Три недели подоцна, со веќе собрани впечатоци од настанот,  разговаравме со Јелкица за колекцијата, искуството од FWSK и за соработката со својата мајка.
-Мини (колекција) е во фазонот кратко и слатко…. се шегувам….Направивме само неколку креации бидејќи многу доцна го пријавивме нашето учество и имавме само една и пол недела за подготовки. Многу сме им благодарни на организаторите на Моден викенд-Скопје што ни ја дадоа можноста на веќе затворена програма да се вклучиме. Нашата линија Escape from the red carpet  ја прегазува онаа лажна приказна за гламурот и елеганцијата на една современа среќна жена/женска. Како инспирација го искористивме сексапилот на големата Брижит Бардо и  појавата на високата половина во доцните 50-ти, за кој сметаме дека никогаш нема да изумре. Вистинската елеганција се крие во едноставноста, минимализмот и чистите линии, поради тоа се трудевме нашата колекција  да се одлкува со овие карактеристики, без видливи рабови, материјал кој цврсто ќе паѓа и форми кои ќе ја истакнат убавината на женското тело-вели Јелкица.

Објаснува дека моделите се предводат од светските модни трендови. Свесна е дека е тешко да се достигне уникатност во модели и дека сè е веќе измислено, па вели дека „единствено нешто кое може да роди уникатност се нови материјали и технологии кои ќе ги направат моделите, не само различни на нашиот туку и на светскиот пазар“.
- Материјалот кој ние го користевме за нашата колекција е од „Макпримат“. Станува збор за декориран памук од фабрика од Фиренца, Италија која веќе подолго време соработува со нив. Материјалот и начинот на изработка на креациите се најголемите виновници за да парчињата  изгледаат извондредно скапо и неодоливо. Моделите во ова издание (должина) се дефинитивно наменети за храбри жени од било која возраст. Како сегменти се едноставни а приметливи и можат да се вклопат  во било која комбинација. Потребна е само мала креативност и во зависност од енергијата можат да се искобинираат за различна пригода.


Проектот го реализира со својата мајка за ова искуство Јелица вели:
-Мајка ми има вечна поврзаност со модата. Таа е од оној тип на жени кој не можете да не го забележите, а и да го заборавите. Владеее со својот стил, став, силен и позитивен карактер, а креира и шие од свои студентски години. Отсекогаш имаше желба да направиме нешто заедно.Многу сме различни, но одлични во комбинација. Во период во кој одлучив комплетно да се посветам на креативна работа совршено произлезе нашата соработка која планираме и да продолжи.
Подготовките околу FESK поминале, како што вели Јелкица „слатко – макoтрпно“. Сè било изработено со заеднички сили, почнувајќи од идеја, концепт, кроење, шиење, детализирање, лого, графички дизајн, концепт за сценарио, стајниг, фризури…

Со оглед на тоа што имале краток период сè постигнале да изведат од замисленото, освен концептот со сценографијата.
-Замислата беше предобра, иновативна и поврзана со презентацијата во рекламниот  каталог на FWSK , сите крации беа контурно истакнати со флорсцентни ленти за кои требаше темен простор  и UV-светло. Но, поради тоа што немавме проба и недоразбирање на организацијата со тимот на FWSK  ефектот не беше постигнат, а публиката остана зачудена. Од грешките се учи нареден пат и тоа ќе го превземеме повеќе во наши раце…. Од презентацијата не очекував премногу.  Очекувам доста од себе си и од презентациите што допрва ќе следуваат и секако  финансиски успех во креативно поле-вели таа.
Наредно претставување на Escape from the red carpet , во проширена верзија ќе се одржи на  Super Design Pop-Up Store, во организација на Драган Христов од „Лудус“,  што ќе се оддржува на 9 и 10 мај во галеријата на МКЦ . Моделите (креациите) може да се набават во креативното студио на Јелкица или да ја исконтактираат online преку нејзиниот профил на Facebook.

Јелкица во нашата јавност е позната како една од најангажираните стилистки и шминкери, зад себе има и музичка кариера, a има искуство и образование од областа на дизајн на ентериер. Со овој ангажман, Јелкица во својат богата креативна биографија го додава и модниот дизајн. Jа прашавме што oд сите овие креативни активности е нејзин приоритет и во која насока ќе се насочош нареднава година?
-Очекувано прашање кои многумина го поставуваат како провокација , но јас напротив го сметам на место. Магистрирав на факултет во Милано каде што запознав личности од различни земји со различни искуства секој креативец (дизајнер) работеше или имаше работено на различни теми и насоки и воопшто не е чудно еден креативец да се вклопи во различни димензии, облици на дизајн. Зашто кога можам, умеам и имам време и простор да не дадaм сè од себе? Работам на проекти со внатрешно уредување, стаjлинзи и слично, магистрирав за продукт дизајнер а во продукти се вклучува и облеката. Македонја е мал пазар, дај Боже да имам постојано побарувачка само за едно нешто тогаш сигурно би се определила само за тоа . Инаку во блиска иднина планирам да се насочам на стајлинг пакети во кои ќе понудам компелтни услуги-вели таа на крајот.

50-титеEscape from the red carpetFWSКSuper Design Pop-Up StoreЈелкица ПоповскаБрижит БардоВиолета Поповскадизајн на енетериерДраган ХристовИталијаЛудусМакприматМиланомини-колекцијаМоден викенд-СкопјеперформансстилистФиренцашминкер
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • gucci aria (4) моден монитор

    Gucci Aria – Гучи слави 100 години со ревија и кобрендирани креации со Баленсијага

  • lady-gaga-met-gala-2019-red-carpet моден монитор

    Мет Гала годинава ќе се одржи, но не во првиот понеделник во мај

  • 0 моден монитор

    ПРОЛЕТНА МОДА 2021: Сакоа во стилот на иконскиот шанелов модел од букле

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • jovana neshova (1)

    Бремената манекенка Јована Нешова позира за насловната на „Моделс ин“

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • funk shui

    Слушаме македонска музика: „Не време“ на Funk Shui и гостинката Вера од Љубојна

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Белата облека најсовршена во пролетно-летните денови

    април 16, 2021
  • Annabel-Rosendahl

    ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Стилски идеи за променливо априлско време

    април 16, 2021
  • gucci aria (4)

    Gucci Aria – Гучи слави 100 години со ревија и кобрендирани креации со Баленсијага

    април 16, 2021
  • kopenhagen

    Инстаграм профил посветен на живописниот уличен стил на Копенхаген

    април 15, 2021
  • DIOR

    [ВИДЕО] Ревија на Dior во Шангај

    април 15, 2021

Убавина

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • Mixed Emotions cut

    MIXED EMOTIONS – Во ред е да не се биде во ред

    април 6, 2021
  • 1 guerlain

    Mon Guerlain Sparkling Bouquet – мирисот на пенлива радост

    април 2, 2021
  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

    март 30, 2021
  • fac

    Геловите за чистење клучен дел од негата на лицето

    март 11, 2021

Живот

  • 2

    Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

    април 14, 2021
  • FotoJet

    Две супер состојки што треба да ги консумирате – хељда и амарант

    април 12, 2021
  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021
  • IQOS 3 Duo 3

    Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

    март 30, 2021
  • Znakoven Bitola 2

    Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

    март 29, 2021

Култура

  • Louvre

    Прошетка низ музејот Лувр од дома

    април 7, 2021
  • Filmski Predizvik (1)

    Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

    март 24, 2021
  • gordana vrencoska

    Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

    март 23, 2021
  • ?????????

    Виртуелна промоција на „Букварот на Биби“ денеска во 19 часот

    март 22, 2021
  • DMF_2021

    Отворен конкурсот за учество на „Денови на македонската фотографија 2021“

    март 15, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics