• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ЛА ХОНГ: Добрата облека нема тајна

Од Снежана Јаначковска-Богдановска · На јануари 21, 2014

 

“Добрата облека нема тајна. Таа функционира мошне едноставно давајќи им на луѓето убаво чувство за нивните тела, дури и за нивната личност. Тоа убаво чувство дава почит кон себеси. Функционира потполно за себе, ја истакнува трајната индивидуална убавина и е извонреден поттик во нашите најчесто многу зафатени секојдневни животи”, ќе рече натурализираниот австриски дизајнер Ла Хонг во ексклузивното интервју за Stylist.mk.

 

Ла Хонг во моментов е еден од најуспешните дизајнери кои Австрија може да ги понуди. Но патот до таму беше тежок. Како петто од осумте деца на виетнамски емигрант му било предвидено да го наследи татко му во професијата доктор, но момчето имало други интереси – шиење и цртање. Од неговата мајка шивачка тој ќе ги научи двете вештини.

-Оваа работа на дизајнер, ја посакував уште како мал. Роден сум со тоа, со таков талент. Преку мојата вредна работа и целите што си ги поставив, станав успешен. Но, сè уште не сум стигнал до мојата крајна цел, сè уште работам и секогаш барам повеќе и повеќе… Затоа сè уште не можам да кажам дека сум ја постигнал целта. Тогаш би престанал со работа. А, тоа е и работата на дезајнерот, постојано да биде во потрага по инспирација, нови идеи, нови работи да донесе на светот. И затоа, имам уште многу работа, додека стигнам до целта – вели Ла Хонг.

 

Роден е во Виетнам, а неговото прво име на виетнамски јазик значи на – розева недела. Неговиот татко е заболекар, а неговата мајка шивачка. Во 1981 година, на 14-годишна возраст, со семејство емигрира во Австрија. По завршувањето на средното училиште тој го комплетира своето школување како цртач. Но и тогаш тој е повеќе заитересиран за текстилниот дизајн и на совет на неговите пријатели и без знаење на неговото семејство, присуствува на часовите по моден цртеж на школата HTBLVA Spengergasse во Виена.

-Уште како дете ја сакав оваа работа. Но и како кај сите, не бев сигурен дека со ова ќе се занимавам. Преку училиштето дојдов до оваа идеја. Затоа ова со што денес се занимавам претставува моја работа, но и повеќе од тоа, една пасија, една важна задача кон целиот свет, со цел да го разубавам светот – открива дизајнерот.

Високата мода е сигурно место за дизајнерот. Неговите принцесовидни фустани со класично кроење, азиски елементи и долги опашки се наоѓаат во орманите на дами како актерката Мареса Хорбиг или моделката Ана Хубер. Осoбена предност на неговите парчиња е што тие се носливи. За рецептот за својот успех во земјата во која не е роден ќе рече:

-Ги сакам луѓето околу мене, без разлика дали се странци или Австријци. Суштинска точка е како да искомуницираме меѓусебно. Колку подобро ја разберете австриската култура, толку подобро ќе се сложувате со сограѓаните – смета Ла Хонг.

На 14 годишна возраст доаѓа со семејството и без да знае и збор германски го започнува своето обазование. Клучна точка во неговото оформување како дизајнер е запознавањето со текстилните дизајнери, на кои им го покажува својот непогрешлив  талент за дизајнирање на текстилни шари. Тоа ќе го доведе на пет годишна обука во престижното училиште Шпенгерграс во Виена.

Со дипломата во џеб пред него ќе стојат тешки години на вредна работа во неколку бутици во Виена. Од тука до отворањето на сопствен бизнис не можеше ништо да му застане на патот. Со неговите елегантни креации тој набргу го свртува вниманието на јавноста. Набргу ги добива наградите Coral Fashion Award, Pierre Lang Fashion Award, Renault Haute Couture Audience Award и Vienna Couture Price.

-Мојата работа е многу битна. Не е важно само личноста да ја направиме убава, туку внимаваме и на материјалите. Работиме со исклучително квалитетни материјали и највисок квалитет на обработка, во зависност од градбата на моделите. Наши клиенти се дами или господа, на кои тоа ниво им е исклучително важно. И бидејќи тоа го разбираат, јас со задоволство работам со луѓе кои свесно го живеат животот. А, модата игра многу важна улога во сето тоа. И кога тие свесно навлегуваат во модата, тие за мене претставуваат исклучително важни клиенти – вели Ла Хонг.

Тој ги има  дизајнирано униформите за Виенското градско собрание и за екипажот на Avon Jet. Исто така облеката на австрискиот атлетски тим за Олимписките Параоломписките игри во Пекинг дојде од рацете на овој дизајнер.

-Смислив опрема за околу 400 атлетичари австриските натпреварувачи. И јас бев со нив во Кина. Тие спортуваа, јас ги гледав колку прекрасно изгледаат со мојата мода. Не само што ми претставуваше огромна чест тоа да го сторам за Австрија, туку и големо признание дека во странство, во Кина, на еден толку голем настан, толку многу луѓе ги носат моите креации.

 

Во 2000 година  го сели своето ателје на отмената виенска улица Картнер. Вниманието на медиумите ќе го привлече со балските облеки кои ги креира меѓу другите и за Кристина Лиар и Кармен Електра.

-Јас живеам тука, работам во Виена. Но, моите клиенти доаѓаат од целиот свет. Честопати и јас патувам кај нив, едноставно светот е мојот дом. Можеби не сум бил насекаде низ светот, но моја желба е на сите да им ја понудам мојата работа за да бидат среќни.

Од ноември 2007 до јуни 2009 година Ла Хонг заедно со Ерика Румполд, сопругата на политичарот Гернолд Румполд се партнери во рекламна агенција. Во 2011 година го основа брендот Nhut Ла Хонг Design. Целта на новиот бренд е да се зголеми вниманието, но и продажниот простор. Ова ќе се постигне преку иновативни прет-а-порте колекции. Во есента на 2012 година ја отвора Ла Хонг Nhut Design продавницата, со  работилница, кројачница  и канцеларии. Почесна гостинка на отворањето во Виена е актерката Миша Бартон која таа вечер секако носеше негова креација.

Во 2009 година под името „ lineight” тој ја создава својата прва прет-а-порте колекција за австрискиот бренд „Хофер“, онака како што тоа го направи Карл Лагерфелд за „H&М“. По пролетната, следеше и летна колекција за истиот бренд.

Но настрана од тоа, тој во изминатите години се посвети и на хуманитарни акции и дизајнираше маици за добротворни кампањи за потребите на сиромашните во Африка, Азија и Латинска Америка. Во почетокот на јануари 2011 година, тој присуствува на една Гала добротворна вечер во Ханој и за прв пат ја преставува својата мода во родната земја Виетнам. Пет поранешни Убавици на Австрија ги претставија неговите креации. Од тогаш добротворните балови во Виена се составен дел од неговата работа.

Тој е исто така посветен и на борбата против болестите на ракот и сидата. Тој вели дека најисполнети моменти во неговиот живот се оние во кои тој дава и прима помош.

“Да се подржуваме едни со други-секој ден, се додека сме живи-тоа е за мене смислата на животот, што е наjубавата форма на љубов.”

австриски дизајнерВиенаЛа Хонг
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics