• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

МИМА ПЕЈОСКА: Нежна трансформација на танцувачките прстени

Од Ана Несторовска · На декември 27, 2013

Вечната потрага по нова, необична форма, која не сме ни замислувале дека е изводлива за едно парче накит, македонската дизајнерка на модни додатоци, Мима Пејоска секогаш ја носи до иновативни  решенија. Таа осум години го истражува филигранот. Има направено парчиња накит во вид на минијатурни шапки, комплети за готвење и за јадење,  тропалка за бебе, луѓе во различни ситуации, прстени за три прста, ѓердани што се аплицираат на самата облека, накит за глава… Летово одушеви со својата линија на апстрактен накит, што изминатиов период ја прошири со прстените Adaptation. Со прецизност на научник, а креативност на уметник, Мима ги создала моделите кои  магично ја менуваат формата. Истите можевме да ги погледнеме и на поп-ап распродажбата во локалот „Цреша“, пред неколку недели.

 

-Adaptation е една од трите нови серии накит на кои почнав да работам по завршувањето на магистерските студии. Се работи за голема колекција на прстени, дизајнирани да се носат како сет/пар од два прстена, кои со секоја сменета позиција се претвораат во нова уникатна форма. Оттука и името, Adaptation, е врзано за мноштвото на комбинации, компатибилни парови и адаптации на еден прстен со друг. Дизајнот е минимален, сведен само на навидум хаотични свиоци претставени во две нежни нијанси, жолта и сребрена. Убавината на овие сетови е што секој купувач-љубител на накит, сам си го избира сетот по нивен вкус, што го прави ова парче накит уште полично. Секој од дизајните нуди најмалку четири опции на носење, зависно од страната, позицијата и поставеноста на двата прстена. Некои од прстените елегантно се преклопуваат еден со друг, а други пак се совпаѓаат со празнините и отворите. Материјалите и боите (сребро со месинг) се внимателно избрани за да не ја оптеретуваат линијарноста на металните свиоци-вели Пејоска.

Мима две години беше на  постиполомски студии во САД на Савана колеџот за уметности и дизајн.

-Често ми звучи неверојатно, но веќе пет месеци се поминати откога ги завршив магистерските студии по современ накит во Америка и сум назад во Македонија. Во моментов сум во Скопје на неодреден период и работам активно на неколку колекции истовремено, секоја од нив со сосема поинаков концепт. Серијата Sensibles и филигранските канали кои ги работиме со колега од Чикаго се дел од проектите кои главно ги работам за странскиот пазар, но креирам и други како Dream Cacthers и Adaptation кои се малку покомерцијални и посоодветни за нашиот стандард-вели Мима.

Постдипломските студии ги заокружи со завршна изложба на накит, наречена The Sensibles-Интерактивна инсталација со тактилни лебдечки накит. Коцептот на овој проект го базирала со цел да ги претстави сите лица на Тактилноста. За да може да ја долови целосно оваа идеја решила да не се фокусира на парчињата накит – туку на атмосферата во галеријата. Направила 150 дела кои се полесни од 14 грама, и ги „поставила“ на 150 хелиумски балони за да летаат слободно во просторот.

-Посетителите ги допираа парчињата додека летаа, и ги носеа низ галеријата. Беше магично! Дури и посовршено од моите очекувања. Парчињата беа направени од различни материјали, но морав да внимавам на тежината. Употребував памук, свила, зрна ориз, пластична фолија и слично. Многу од делата беа направени од хеклан инокс, кој сега е централен во мојата работа. Многу различно од сè она што го работев пред да отидам во Америка, но сепак со многу сличен сензибилитет како филигранот-вели таа.

По успешниот пробив кај нас со уникатниот накит изработен во филигран-техника, како и престојот во Берлин пред две години, Мима добила Фулбрајтова стипендија за постдипломски студии на Савана колеџ за уметности и дизајн. Таму се стекнала со повеќе сознанија: ласерско заварување, 3Д- моделирање, принтање со смола, плетење со метал, моделирање со пластика, силикон. Како дел од студиите, требала да заврши две стажирања и да учи како функционираат уметниците во светот на современиот накит. Така, минатата година имала среќа да ја запознае Биба Шуц.

-Таа беше одушевена од начинот на кој што размислувам и креирам. Се преселив во Њујорк  каде што таа има студио, и работев за неа три месеци. Многу ми се допадна работата. Биба е голем уметник и постојано патува по конференции и саеми за современ накит. Како дел од моите лични истражувања, почнав да експериментирам со силикон  (кој се употребува за специјани ефекти и маски во филмови), со хартија и разни типови на пластика, и токму тоа и продолжив да го работам кај Биба. Во целиот период, јас всушност смислував кои материјали и со кои техники таа ќе ја креира новата колекција, и бев ко-креатор на истата. Вториот стаж решив да го реализирам во рамките на мојот факултет и предавав за накит три месеци под менторство на проф. Бони Кубаста-вели таа.

Сè уште се занимава со филигранот. Соработува со неколку уметници во САД со кои заедно дизајнира накит. Вели дека сите се одушевуваа на техниката и никој не знаел како да ја изведе. Од SCAD  ја ангажирале неколку пати да предава филигран на студенти и на професори.

Во Скопје има дипломирано етнологија и антропологија на Филозофскиот факултет. Нејзината дипломска тема била токму за Филигранот и зачувување на традицијата. Оттаму продолжила со практично учење на изработка на накит, па добила и стипендија да учи златарски техники во Италија. По ова следеше Берлин и Design Thinking.

mima pejoska-prsteni5

македонски дизајнериМима Пејосканакитпрстен
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

  • page0 5 интервју

    Интервју со модната дизајнерка Ивана Кнез: Тенка е границата помеѓу лудило и храброст овде

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • tatjana janusheva (6)

    Татјана Јанушева на насловната страница на Elle

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • ikiverse

    IKIVERSE на Искра Џокиќ Кецап – прва дигитална модна ревија на Моден викенд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    ЕКО-МОДА: Зимава носете бунди од вештачко крзно

    декември 5, 2023
  • Carmina Burana 1

    Изведба на „Кармина Бурана“ од Карл Орф на 7 декември во Националната опера и балет

    декември 5, 2023
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    декември 5, 2023
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Зимска верзија на црниот фустан

    декември 1, 2023
  • ??????

    Добротворен базар на социјални претпријатија в сабота во East Gate Mall

    декември 1, 2023

Убавина

  • INT_EN_ECN_204825_AntiPigment_IG_FB_StaticAd_V1_10_2020-1x1

    Ослободете се од хиперпигментацијатa со Eucerin Anti-Pigment Dual Serum: Револуционeрна нега за сјаен тен

    ноември 23, 2023
  • eucerin (6)

    Со иновативниот крем Еуцерин Hyaluron-Filler + Elasticity Day Rosé SPF30 ќе заборавите на бледата и уморна кожа

    октомври 31, 2023
  • 000267_GL_en_EUC_Hyaluron _Filler _Serum_HyFi_Anti_Wrinkle_Serum_202309_PR_0_white_V8-Print

    Еликсир или еволуција? Како науката за нега на кожата го искористи скриениот потенцијал на кожата

    октомври 24, 2023
  • INT_EN_ECN_210004_DermoPure_Triple_Effect_Serum_Protective_Fluid_03_2021_PR_v3-ecom1000x1000_300dpi

    Ефикасноста на медицинската козметика

    октомври 2, 2023
  • 1

    Маникир во есенски бои

    септември 8, 2023

Живот

  • ??????

    Добротворен базар на социјални претпријатија в сабота во East Gate Mall

    декември 1, 2023
  • iqos

    Новото IQOS ILUMA портфолио претставено на ексклузивен настан во Скопје

    ноември 18, 2023
  • Фестивал на чај

    Фестивал на чај, лековити билки и есенцијални масла

    ноември 13, 2023
  • Movember

    МОЕМВРИ: Актери, спортисти и поп ѕвезди ќе седнат на берберски столици за подигнување на свеста за машкото здравје

    ноември 6, 2023
  • pre launch (2) (1)

    Откриваме кој револуционерен уред пристигнува во Македонија

    ноември 6, 2023

Култура

  • Carmina Burana 1

    Изведба на „Кармина Бурана“ од Карл Орф на 7 декември во Националната опера и балет

    декември 5, 2023
  • zrno festival zavrsna izlozab

    Завршна изложба на фестивалот Зрно во КИЦ

    ноември 6, 2023
  • плакат

    Концерт на Мухамед Ибрахими во Филхармонија

    октомври 30, 2023
  • ??????????????

    Се отвора шестата по ред годишна изложба „Сè што ни е заедничко“ во МСУ – Скопје

    октомври 16, 2023
  • fks

    „Фолклорно-класична симбиоза“, музичко-сценски спектакл на НУ Национална опера и балет и НУ Танец

    септември 26, 2023

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics