• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју, филм 0

Оскар Ајзак: Апокалипса ја открива вистинската сила на мутантите

Од stylist @StylistMKD · На мај 20, 2016

oscar-isaac apocalypse (4)

Првиот мутант од Марвеловиот универзум на Икс-Мен, Апокалипса, од почетокот на цивилизацијата е третиран како Бог. Собирајќи ги моќите на многу други мутанти, станува бесмртен и непобедлив. По илјадници години се буди без илузии за светот кој го затекнува, и собира тим на моќни мутанти, вклучувајќи го обесхрабрениот Магнето, кои му помагаат да го пречистат човештвото и да создадат нов светски поредок со кој тој ќе владее. Судбината на Земјата станува неизвесна, и Рејвен (Џенифер Лоренс) со помош на Професор Икс (Џејмс МекАвој) мора да оформат и да предводат тим од млади мутанти за да ја спречат несреќата и да го спасат човештвото.
„Икс-Мен: Апокалипса“, кој од вчера се прикажува и во скопските кина  „Синеплекс“ и „Милениум“,  ја реобединува успешната екипа на Брајан Сингер и ѕвездите од „Икс-мен: Денови на идното минато“, вклучувајќи ги Џејмс МекАвој, Мајкл Фасбендер и Џенифер Лоренс, заедно со новите имиња во франшизата – Оливиа Мун, Софи Тарнер… Џиновското божество Апокалипса го оживува талнтираниот актер Оскар Ајзак, кој важи за еден од најбараните актери во Холивуд измантиве години. Од неговиот пробив на големото платно во 2002 година со All About The Benjamins,  трпелливо и со многу труд го изоде патот го врвот, редејќи успешни улоги во Body Of Lies, Sucker Punch, The Bourne Legacy, Inside Llewyn Davis и A Most Violent Year. Минатата година беше клучна за него, добивајќи ги ангажманите во Ex Machina,  Star Wars: The Force Awakens и во „Икс-Мен: Апокалипса“. Во интервјуто е обезбедено од MCF MKD Skopje, Оскар Ајзак зборува за филозофијата на Апокалипса, неговиот личен Икс-Мен фантом и работата со екипата што му помогна да го облече и соблече костумот за улогата.

oscar-isaac apocalypse (1)

*Колку бевте запознаен со Икс-мен пред да го снимите филмот?
-Бев голем фан на стриповите „Икс-мен“. Колекционер бев на „Икс-Фактор“, што многу ми се допаѓаше,и каде што првпат се појавува Апокалипса. Всушност благодарение на тоа издание го засакав многу овој лик. Па, кога дознав дека ќе се снима следен „Икс-Мен“ со него како главен негативец, нависина ме заинтересира како ќе излезе.

*Од каков агол режисерот Брајан Сингер му пријде на ликот?
-Во основа идејата беше да се претсави како еден Бог, кој е закопан последните 3.000 години се буди, гледа наоколу и сфаќа, дека сè сме уништиле, дека ништо не е како што требало да биде, па одлучува да ги промени нештата. Во основа таае нарацијата- приказна за Бог кој се враќа и кој изнервиран од тоа што го гледа. Ова е концепт на второ враќање. Замислете како би било кога Бог пак би се вратил и би ги земал избраните, а сите останатаи бидат уништени со остатокот од светот. Навистина е напнато и тешко да се замисли, па  така и овој лик е олицетворение на таа идеја…Од друга страна, онаа нерелигиозната, го поставува прашањето што ако тој е првиот мутант, и што ако неговата моќ е во тоа што тој е првото суштество што може физички да ја оддели својата свест од телото…ова има и научнофантастичен аспект, што исто така е интересно… Следејќи ја нарацијата во стриповите, ликот доста се менува од серија во серија, без разлика дали е во „Апокалипса против Дракула“ или во оригиналните стрипови од 80-тите, „Икс-Фактор“. Тој преминува од еден во друг „домаќин“, и тоа е дел од планот, тело што е окупирано илјадници години. Кога ќе се разбуди одлучува дека е кројач на остатокот од човештвото и на неговата еволуција, не само физички и  биолошки, туку и духовно. Кога тоа е во опасност, тој го чисти теренот за нов почеток, како што многупати напавил во минатото.

X-Man_Apocalypse_IMG4_big

*Икс-Mен – филмовите секогаш обработувале големи теми…
-Да, тоа што ќе се случува во филмот е дел од поголема тема- идеја за гневен бог, и што тоа значи. Но апокалипса, како збор, не секогаш значи уништување. Тоа значи и откривање, па тој ги открива вистинските потенцијали на нивните моќи, на луѓето што одлучиле да го следат. Делумно тие затоа и го следат: зашто во него гледаат битие што всушност им дозволува да ја претстават својата најмоќна страна. И тоа е една од неговите најсилни особини, моќта да убедува.

*Дали беше тешко да се оживе Апокалипса?
-Носењето и работата со костимот беше голем предизвик. Целата глава ми беше врзана со протетики, лепак, пластика и цевки. Инстересно беше зашто и покрај тоа, можев да ги пртставам сите експресии преку маската, бидејќи беше тенка. Костумот тежеше 20-тина килаи морав да носам механизам за ладење под него, па просторот за движење ми беше многу ограничен. За мене тоа прерасна во предизвик, како да се изразам на различен начин. Очигледно, не можев да се потпрам многу на природната ескпресија, поради масивниот костум, па тоа што го разботев беше поблиску  до „кабуку“ театар, каде што дури и малите придвижувања и гестикулации се могу важни.Па требаше и тоа да го совладам…требаше да се потрудам повеќе. Имав прекрасен мејкап тим од Legacy Effects, кои беше фантастичен и постојано покрај мене, правејќи и најмали промени и прилагодувања.

oscar-isaac apocalypse (1)

*Дали Ви го олеснија облекувањето и соблекувањето на костумот?
-Да, тоа беше процес. На почетокот беа потребни три до четири часа  да ме нашминкаат, и како што поминуваше времето успеавме да го сведеме маскирањето на еден час- што е за одушевување. Покрај мене имаше и одлични гардеробери-двајца костимографи кои ми помагаа да го соблечам и облечам костумот по потреба, бидејќи беше многу жешко на снимањето. Најдоа начин како целиот процес да го скратат и тоа да се одвива побрзо. На почетокот ни беа потребни околу 40 минути само да го облечам костумот, за на крај целиот процес да се сведе на 15 минути. Така да, можам да кажам дека соработував со импресивен тим луѓе.. Во оживуањето на Апокалипс помогнаа заедничкиот труд на цел тим.

*Како Ве прифати актерската екипа? Изгледаат како забавен тим.
-Покрај тоа што го играв Апокалипса, можноста да глумам покрај Мајкл Фасбендер, Џејмс мекавој, Ник Холт и Џен Лоренс, беше навистина забавно. Тие се толку интересни, релаксирани и веќе сработиле два од овие филмови, па за мене тоа беше од помош, за да сфатам како функционираат. На почетокот, оголемиот број на сцени ми беа со Мајкл, и тоа прерасна во инстант пројателство, како што се надевав дека ќе биде. Па можам да кажам дека тоа беше врвот за мене за време на снимањето, тоа што ги запознав и соработував со овие момци и девојки.

oscar-isaac apocalypse (7)

 
*Дали Џенифер Лоренс се сочувствува со Вас заради сличната тешка шминка?
-О, да, Јас ѝ бев нејзниот брат по сина линија . Ја почувствував нејззината болка секако.

*Како беше да се соработува со Брајан Сингер?
-Тој е одличен за соработка! Брајан е многу паметен човек и добро се преориентираше на темите од приказната и на она што се обидувавме да го направиме таму. Поминав одлично време со него и со Сајмон Кинберг, зборувајќи за тоа кои се можностите на овој лик (Апокалипса) и како да направиме нешто интересно и посебно, не само за публиката, туку и за нас. Што да нагласиме за да ја добие личнен печат? Брајан беше многу отворен за идеи и за играње со темите и дијалогот, и навистина уживав во тоа.

X-Men-Apocalypse-Poster-No-Text

*Има ли нешто поради кое Ве е посебно драго што го претставивте кај Апокалипса?
-Мислам дека тоа е поврзаноста со реалната духовна идеја. Тоа ми беше интересно. Имаше неколку нешта што ги смисливме, поврзано со дијалогот, за кое многу ми е драго, но не можам да кажам било што без да откријам премногу од филмот. Сакавме да вметнеме нешта кои се неочекувани.

*„Икс-мен: Денови на идното минато“ доживеа огромен успех. Што може да очекуваме од новиот „Икс-мен“?
-Семејството сè уште е важна тема во серијалот. Тоа е најголемо досега и во него се појавува и најголемиот конфликт. Се борат еден против други, не само за опстанокот на светот, но и за тоа што Икс-луѓето сè.

*Дали ќе се сними филм за „Апокалипса против Дракула“?
-Да, ќе снимаме посебен филм.

MCF MKD SkopjeАпокалипсаАпокалипса против ДракулаБрајан СингерИкс-менкиноМилениуммутантиОскар АјзакСинеплекс„Икс-мен: Апокалипса“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • honeyland (3) филм

    Изјава за медиуми од екипата на „Медена земја”

  • Sceni od filmot Vrba филм

    Американската премиера на „Врба“ на Манчевски крунисана со награда за најдобар филм на фестивал во Калифорнија

  • 54175d09-770a-479e-b776-2bc7ba122f41 филм

    КИНЕНОВА ги додели наградите на најдобрите филмови на фестивалот

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 3

    Црната боја е кралица на зимската мода – како да ја носите и да не изгледате монотоно

    јануари 22, 2021
  • WebinarD4C_Macedonia (1)

    Вебинар за циркуларна економија во текстилната и модната индустрија во Европа

    јануари 22, 2021
  • 1

    Шик комбинации во чоколадни нијанси

    јануари 21, 2021
  • mirjana josifoska

    Промоција на колекцијата „Спомен на еден град“ на Мирјана Јосифоска

    јануари 21, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics