• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

РОСИЦА МРШИЌ @FWSK: Женствена линија украсена со детали од машката облека

Од Ана Несторовска · На април 1, 2014


Конструктивизмот, како авангарден правец во сликарството, фотографијата, дизајнот и архитектурата (што се појавил по Првата светска војна), бил основата од која тргнала позната модна креаторка Росица Мршиќ во реализиција на својата новата колекција. Креациите намети за сезоната пролет-лето 2014 ги збогатила со воведување на избрани елементи од модниот стил на 80-тите години. Моделите ќе бидат презентирани в недела, со почеток во 21.30 часот во „Ауди-Порше Македониjа“, во рамките на пролетниот Моден викенд-Скопје. Со оваа ревија ќе биде заокружен делот од програмата со домашни дизајнери.
- Редовно ги претставувам моите сезонски колекции на полугодишните изданија на Моден викенд-Скопје што е најзначаен домашен моден настан. Претставувањето на колекција подразбира комплетен перформанс што се состои од начинот на прикажување на парчињата од колекцијата, додатна сценографија, кореографија и музика што ја поддржуваат и презентираат основната идеја на колецијата-вели Мршиќ.

Стајлинзите се дополнети со чанти од „Авон“ и чевли со потпис на Мршиќ

Колекцијата е составени од различни парчиња: здолништа, кошули, панталони, фустани и палта. Основата на моделите е женственоста презентирана преку тесна фигура на кои контраст прават деталите преземени од машка облека, а целосниот изглед е дефиниран со прецизност и едноставност. Избрани се природни ткаенини од памук, свила и вискоза во чиста сина и розева боја, и комбинација од бела и црна боја за постигнување минималистички изглед на моделите. Стајлинзите на ревијата ќе бидат  дополнети со чанти од „Авон“ и чевли со потпис на Мршиќ.
-При дизајнирање на парчињата облека, за сезонските и вонсезонските колекции, секогаш го следам сопствениот инстинкт и поставувам свои рамки во кои се развива колекцијата, но и предизвици кои ќе ме држат љубопитна низ целиот процес на развивање на секоја колекција. Резултатот на ваквиот однос на градење сопствен и независен стил, кој носи дизајнерски печат и има свој идентитет, е облека која секогаш буди интерес кај жените кои сакаат да излезат од рамките на просечното-вели Росица, која ја доби наградата на Stylist.mk  за најдобра колекција на осмото издание на Моден викенд-Скопје.
Колекцијата ќе го продолжи својот пат по вообичаените канали на продажба, во изложбениот простор на Мршиќ и во бутикот „Виа“ во Скопје, во концептуалните бутици во Софија, Дубаи и Виена и на сопствената онлајн- продавница.
-Дел од колекцијата е презентирана и на саемот за мода во Виена, како и на модната недела во Нови Сад. што се одржува во април-вели таа.

Росица изминативе неколку месеци ја разработува својата интеренет страница за продажба

Мршиќ годинава ја почна со отворање на свој продажен сајт (shop.rosica-mrsik.com), кој за многу кусо време наиде на одличен прием.
-Онлајн продажбата е современа алатка за интернационална продажба која освен што ја зголемува продажбата влијае и на растот на визибилноста и свесноста за брендот. Делови од колкциите се нудат и им се достапни на клиенти од разни делови на Македонија и на светот. Оваа можност е понудена и е во фаза на развој заради постигнување целосен ефект, а резултатите од изминатиот период се охрабрувачки.
Лани го освои петтото место на изборот за најдобар меѓународен дизајнер на „Интернационалните бугарски модни награди ЕИРЕНЕ 2013“. Истовремено ја доби специјална награда за најголем број поени од гласањето… Со ова се стекна со награден фонд во вредност од 7.500 евра за две сезонски презентации со ревии на Бугарската модна недела во период од пет години. На ова е додадена и уште една награда во вредност од 2.525 за дипломатски прием во Софија во чест на Република Македонија.
- Излегувањето надвор од матичната земја и пазар е можност да се провери квалитетот на сопствената работа и да се спореди со работата на дизајнерите од други региони, па во таа смисла сум задоволна од постигнатото рангирано место. Наградниот фонд е наменет за промоција на наградените модни дизајнери преку различни и интересни можности: фотосесии, учество на модни настани, консултантска подршка, во тек на наредните пет години, што секако ќе биде предмет на реализација во наредниот период.

Ја доби наградата на Stylist.mk за најдобра колекција на осмото издание на Моден викенд-Скопје

Нејзини креации се продаваат во Софија, Виена, Дубаи…Иако фокусот за проширување на продажбата е на развојот на онлајн продажбата, веќе има воспоставено контакти со нови соработници и се надева на скоро проширување.

Неодамнешното интервју со Росица Мршиќ, објавено на Stylist.mk, можете да го прочитате тука.

80-титеAVON МакедонијаFWSKStylist.mk наградиАвонАуди- Порше МакедониjаВиаВиенаДубаиженственостздолништаинтервјуКонструктивизамкошулимакедонски дозајнеримашка облекамашки кројМоден викенд-СкопјеНови Садпалтапанталонипролет-лето 2014Росица МршиќСкопјеСофијафустани
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics