• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ЖАРКО ЧУЛИЌ: Фотографијата е спој на фантазија и креативна мисла пренесена преку еден кадар

Од Катерина Трајановска · На мај 21, 2014

0

Токму вака Жарко Чулиќ ја сфаќа фотографијата, и уште ќе каже дека таа е уметност на набљудување, а преку објективот и емоциите на „набљудувачот“ публиката добива „шарени слики“ кои раскажуваат приказна без зборови. Во последниве години младиот Жарко интензивно се занимава со модна фотографија, ја студирал и експериментирал, денес фотографирањето го смета за професија. Зад себе го има непроценливото искуство на работа во Белград, каде што многу прогресивно се движи модата и дизајнерската сцена и каде што соработувал со познати стилисти и модни списанија. Но, секако впечатлива е неговата работа со македонските автори. Досега сликал модни едиторијали и лукбукови за Ивана Кнез, Лидија Георгиева, „Лудус“ на Драган Христов, Yes Master на Игор Пачемски, Chic Undercowear на Бобан Илиевски, Индог, а низ неговото портфолио ќе сретнете и урбани фрагменти и портрети и бјути-едиторијали и проект-фотографии со необични артистички ликови. Пред десет години почна да студира архитектура, но откако „фати“ фотоапарат во раце, почна да ја истражува уметноста на фотографијата и дојде до модата. Всушност, неговиот креатовен интересе е спој токму на архитектура, дизајн и фотографија. Чулиќ се школувал за фотограф, во Скопје ја завршил првата школа за аналогна фотографија и историја на фотографија, а пред две години кога замина во Белград беше дел од школата за креативна фотографија под раководство на универзитетските професори и успешни фотографи, Саша Прерадовиќ и Александар Келиќ. Денес и тој самиот е предавач и одржува часови во центарот „Кариера плус“. Исто така, деновиве го лансираше својот сајт zarkoculic.com и најави делување преку своите профили на социјалните мрежи.

1

-Конечно време беше да ја претставам мојата работа и труд преку еден добро уреден сајт, кој во меѓувреме ми служи и како самопромоција и како визит карта. Го изработив заедно со Мери и Александар, на кои бескрајно сум им благодарен. Заедничка беше идејата да биде едноставен, модерен и прегледен. Чистина и минимализам, нешто по што и ме препознаваат сите. Преку овој сајт, исто така, сите кои сакаат ќе можат да се поврзат со мене и со мојата работа и преку останатите социјални мрежи (FB page, Instagram, Pinterest, Twitter). Сметам дека е многу битно, за еден млад фотограф, да се биде присутен во денешно време на социјалните мрежи. Денес сите случувања се токму на овие социјални мрежи. Многу од моите инспирации, идеи, контакти и пријателства потекнуваат токму од таму. Исто така, имав желба луѓето да ме запознаат малку и поприватно, кој е и што е Жарко кога не е моден фотограф.

>>Зошто фотограф и зошто токму моден фотограф? Кога сфати дека те привлекува да „ловиш“ модни моменти?

-Многу одамна, уште кога бев бруцош, го добив првиот дигитален апарат и со него беа првите почетоци и тогаш почнав да истражувам и експериментирам. Модната фотографија почна да ме интересира малку подоцна.

4

>>Според тебе што е потребно да се создаде добра фотографија?

-За добра фотографија понекогаш и не е потребно многу. Кадар, фатен во право време и место. Меѓутоа, не секогаш. Конкретно, модната фотографија, скоро никогаш не е производ на спонтаност и случајност. Многу фактори играат голема улога во добивање на крајниот производ. Светлото, шминката и фризурата, моделот, сценографијата и многу други битни работи.

>>Постои ли момент што беше прекретница во твојата кариера, момент од кога почнаа да те препознаваат и ангажираат?

-Да. Периодот кога живеев и работев во Белград. Таму навистина отскокнав неколку чекори напред и првите сериозни ангажмани ги имав таму. По завршувањето на школата за креативна и документарна фотографија под водство на универзитетските професори Александар Келиќ и Саша Прерадовиќ, останав во Белград да работам, каде имав можност да соработувам со многу креативци, модни куќи и магазини.

2

>>Но, изминативе години соработуваше и со доста македонски дизајнери, модели, шминкери… Како тргна твојата приказна со македонската  мода? Се сеќаваш ли на твојата прва модна сесија?

-Уште пред да одам во Белград, јас веќе имав соработувано со неколку дизајнери и стилисти, тука би ги спомнал Бобан Илиевски кој тогаш беше познат само како Chic Undercowear и со Ивана Кнез. Едиторијалите за нивните први колекции ги направив јас. Тие беа и моите први чекори во модната фотографија, моите први едиторијали.

>>Каде досега се објавиле и појавиле твои фотографии? Постои ли некоја фотографија или фотосесија на која си исклучително горд?

-Моето прес-портфолио е разновидно. Објавени се мои фотографии во многу модни списанија како Lepota&Zdravlje, Optimist, RAGMAG magazine и многу други, исто така неколку пати мои фотографии се објавувани на сајтот на Vogue Italy. Посебно се гордеам со едиторијалот 2Kings, изработен во Нови Сад, специјално за австрискиот магазин Vangardistmagazin.

>>Пред неколку месеци се врати од Белград каде што извесно време живееше и работеше. Може да ни направиш една споредба во работата таму и на домашна сцена? Многу ли има разлика?

-Разликата е огромна. Белград е сè уште главниот град на Балканот, каде се сите битни случувања од уметноста и модата. Таму секој пристапува од самиот старт крајно професионално и одговорно. Хоризонтот на размислување и творење е многу поширок, луѓето се отворени за соработки и се трудат многу. Секој си ја знае својата работа, конкуренцијата е голема и тоа е голема мотивација за секој млад уметник од било која сфера.

9

>>Како е всушност да се биде моден фотограф на домашната сцена?

-Хм, по малку тешко, а во исто време интересно. Драго ми е што во последно време во Македонија модната фотографија и модата воопшто мрднува од место. Има многу нови дизајнери и фотографи кои со заеднички сили се трудат да поместат некои граници иако тоа е процес кој се развива многу споро. Сè уште фотографијата не се цени во целост, тешко се заработува и соработува.

>>На кои проекти во моментов работиш?

-До скоро соработував со некои наши дизајнери за нивните нови колекции, сега почнав проект кој е лично мој, проект кој ќе биде претставен преку изложба, се надевам во скоро време.

>>Кои се фотографите на кои им се восхитуваш?

-Има многу. Премногу. Би споменал само мал дел од нив, како на пример, Dusan Reljin, Mariano Vivanco, Steven Meisel, Ellen Von Unwerth, Samir Ljuma… Сите се дел од мојата инспирација, фотографски имиња кои оставиле посебен придонес и белег.

5

>>Како ја сфаќаш фотографијата? Како приказна што ја глумат моделите, прозорец во магичен свет, приказна раскажана без зборови или како нешто сосема друго?

-Да, приказна раскажана без зборови, баш така. Фантазија и креативна мисла пренесена во еден кадар, во една рамка… Исто така мислам дека емоционалната содржина е најважниот елемент на фотографијата, без оглед на фотографската техника. Голем дел од фотографиите денес немаат емоционално влијание за да привлечат реакција од гледачите, или да останат во нивните срца. За мене, фотографија е уметност на набљудување. Тоа е пронаоѓање нешто интересно во една обична секојдневна работа.

>>Што друго сакаш да ловиш со фотоапаратот? На твојот сајт во делот Projects гледаме приказни за неколку урбани ликови, а на „Инстаграм“ доста постираш архитектура…

-Архитектурата е мојата прва љубов. Уште како мал сакав да бидам архитект и тоа студирав. Денес не се занимавам со архитектура, можеби некогаш, подоцна. Знам многу често да излезам со фотоапаратот низ град или кога патувам и да фотографирам архитектура, детали, разни градски сцени и секојдневие. И да, опседнат сум со „Инстаграм“, признавам, тоа ми е издувен вентил, за фотографија и експериментирање. Исто така, неизбежни се да ги споменам и соработките со разни уметници и урбани ликови. Тие проекти ми се посебно драги. Сакам да соработувам и секогаш се радувам на идеи и заеднички соработки, кои не мора да се од доменот на модната фотографија.

3

6

7

8

10

Жарко Чулиќмакедонски дизајнмоден фотограф
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • hajdi klum maticevski

    Хајди Клум во креација на Тони Матичевски

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Плетиво на Zara што ќе ве згрее овие студени денови

    јануари 26, 2021
  • dior

    ВИСОКА МОДА: Колекција на Диор инспирирана од тарот карти и езотерија

    јануари 26, 2021
  • nikotin (1)

    Мит или вистина – Колку знаете за никотинот?

    јануари 25, 2021
  • hajdi klum maticevski

    Хајди Клум во креација на Тони Матичевски

    јануари 25, 2021
  • katarina ivanovska (1)

    Катарина Ивановска на насловна на српски Elle

    јануари 25, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • nikotin (1)

    Мит или вистина – Колку знаете за никотинот?

    јануари 25, 2021
  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics