Навидум строг и деловен костимот со ситно каро на сива основа претстојната сезона ќе биде дел од гардеробата на девојките и жените што ја следат модата. Неколку сезони модните брендови си играат со овој изглед, a сивиот кариран костим ќе биде тренд и за есен 2017. Сакото може одделно да се носи во разни комбнации, но целата слика се создава кога е во комплет со панталони. И двете парчиња треба да се совршено скроени, а може да се комбинираат на различни начини – со маица и бели патики за полежерен стил, или со високи потпетици и свилена блуза за шик изглед. Сивиот кариран костим го има во понудата на брендовите Mango, Zara и Pull&Bear.
Нема коментари