Супермоделот Ирина Шајк повторно се појавува во рекламна кампања на модниот бренд Пинко, сега ја промовира колекцијата за пролет-лето 2023 преку фотосторијата наречена Neverland. Фотографката Бриана Капоци ја сними кампањата и ја долови грациозната суштината на колекцијата. Фотографиите се направени на плажа, некои од нив се со ефект како да се огледани во огледало.
Колекцијата на Пинко за претстојната сезона поврзува гламур, елеганција и нослива мода, и нуди избор на дизајни што вклучуваат комбинезони со принт со тетоважа, тенки хеланки и фустани со монистра. Во центарот на вниманието се и чантите Love, кои доаѓаат во различни форми и големини.
Нема коментари