Модниот бренд Pinko за кампањата за пролет-лето 2023 ја ангажира славната манекенка Ирина Шајк, веќе видивме дел од кампањата наречена Neverland, а во новата (ноќна) фотосесија за оваа сезона Ирина позира во неколку модели во кои доминира цветниот дезен. Цвеќињата цветаат дури и ноќе, велат од брендот алудирајќи дека во Neverland-светот на Pinko сè може да се случи. Манекенката Шајк позира во припиени комбинезони и хеланки, фустани кои ги следат облините на телото и кратки горни делови, скапоцени везови на тенки и проѕирни ткаенини – моќен стил кој се прилагодува на секоја жена. Креациите се во живи бои на хибискус и тропски цвеќиња, а шарата на хибискус е отпечатена и на чантата Mini Love Bag Click обликувана во шестоаголна форма.
Нема коментари