• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 1

Ѕвездено патување со „Месиер45“ на Ирина Тошева и Нина Симовска

Од stylist @StylistMKD · На декември 18, 2014

photo nikola spasenovski

Во магичниот амбиент на скопскиот Планетариум, креаторката Ирина Тошева и дизајнерката на накит Нина Симовска вчеравечер го претставија заедничкиот мултимедијален моден проект „Месиер 45“. Во несекојдневната и екслузивна презентација имаа можност да уживаат само избрани 160 гости. Проектот содржи капсулна колекција, видео и фотосесија за истите. Манекенки облечени во креациите од линијата седеа меѓу гостите, а видео, што го сними Ана Јакимска беше проектирано во Планетариумот.
На проекцијата ѝ претходеше кусо „патување“ низ ѕвезденото небо над Македонија со физичарот Ѓоре Ценев. Тој зборуваше за Месиер 45 или соѕвездието Плејада ( во нашиот народ познато како Квачка), кое било појдовната точка во реализација на проектот на двете дизајнерки.  Имено, Месиер 45 е ѕвездено јато составено од  седум ѕвезди-сестри кои според митологијата се ќерките на титанот Атлас-носач на небото.  Тошева и Симовска во ова ја наоѓаат инспирацијата, креирајќи седум изгледи кај кои е пресликана обоената светлина на небото.

photo miladin papovic2

Фото: Миладин Паповиќ

Неуморната Ирина Тошева, која неодамна презентира самостојна колекција за есен-зима 2014/15 во рамки на Модниот викенд-Скопје,  вели дека посакува тие што ќе ги носат креациите од „Месиер 45“ да се чувствуваат токму како ѕвездите што им дале инспирација.
-Колекцијата „Месиер 45“ се состои од седум изгледи ирзаботени изработени од луксузни материјали со доработка со вез од мониста и специјално сечење на материјалите. Подготвивме седум изгледи зашто се врзуваме со инспирацијата за седумте ѕвезди, кои се дел од ѕвезденото јато Месиер 45, односно Квачка. Соработката со Нина беше интересна и многу отворена, не се договоривме конкретно кој што ќе прави и шие, туку се одеше спонтано, јас ќе почнам едно парче, таа ќе се надоврзе со доработка. Спонатна и убава соработка, со многу хармонија-ни изјави Тошева по проекцијата.

photo nikola spasenovski2

Фото: Никола Спасеновски

За дизајнерката на накит Нина Симовска ова е втора соработка со наш  креатор на облека за неколку месеци, по изработката на линијата Hybrid Vigor со Драган Христов („Лудус“), која беше претставена во Скопје и во Торино. Овој пат Симовска не се јавува како дизајнер на накит, туку активно се вклучила во дизајнирањето и изработката на уникатните седум парчиња на „Месиер 45“ .
-Со Ирина имаме идеја за соработка одамна, но го чекавме вистинскиот момент да се поклопат нештата и да работиме на заеднички и малку поразличен проект. Овој пат сакавме луѓето (гостите) да ги ставиме во малку поразличен контекст и необичен простор,  да не биде класична модна ревија. Наместо да објаснуваме, сакавме публиката да ја види и доживее нашата инспирација, затоа сме во Планетариумот. Тргнавме од универзумот, како идеја, и некако Планетариумот, како простор, се надополни  на таа замисла. Досега никој нема одржано сличен настан или проект тука. Драго ми е што дојдоа толку луѓе и се надевам дека им беше интересно и дека уживаа во проекциите. За жал, ваква проекција нема да има понатаму …Инаку, овој пат не дизајнирав накит туку активно се вкучив во изработката и доработката на креациите. Користени се полуксузни материјли, има доста везења и доработки . Застапени се долги и миди фустани, панталони, кобинезони и друго-вели Симовска.

photo miladin papovic 3

Фото: Миладин Паповиќ

На уметничкото видео, покрај режисерката Јакимска работеа Александар Ристески (кинематографија), Бранко Костески (монтажа), а музиката е на Ненад Стефаноски-Брус (Foolish Green). Видеото се надоврзува на „Месиер 45“ обработувајќи го од аспект на митот за создавање на темнина и женската енергија на вода. Промотивниот едиторијал  за линијата го сними фотографот Миладин Паповиќ, а како модели се јавуваат Ивана Гелева, Ана Ежова и Сара Миленковска. Изгледот на моделите е надополнет со креативната шминка на Виктор Мирчевски, а за фризутите се погрижиа од студио „Алур“.
Креациите, од кои дел се уникати што нема да бидат повторени,  ќе бидат достапни за продажба во концептуаланта продавница на Симовска , Just Because во Скопје. Поддржувачи на проектот се Nescafe Dolce Gusto, Алба, Модна агенција „Подиум“ и Виктор Мирчевски.

photo miladin papovic5

Фото: Миладин Паповиќ

photo miladin papovic 4

Фото: Миладин Паповиќ

photo miladin papovic

Фото: Миладин Паповиќ

prezentacija mesier (2)

Ирина Тоѓева (третта, лево) и Нина Симовска (петта) со манекенки во нивни креации, по презентацијата

Mesier (5)

Фото: Stylist.mk

Mesier (4)

Манекенките во креации од колекцијата седеа меѓу публиката за време на проекциите

 

Mesier (1)

Фото: Stylist.mk

Mesier (3)

На проекцијата ѝ претходеше кусо „патување“ низ ѕвезденото небо над Македонија со физичарот Ѓоре Ценев Фото: Stylist.mk

Foolish GreenHybrid VigorJust BecauseLudusѕвездиАлександар РистескиАна ЈакимскаАна ЕжоваБранко КостескиВиктор МирчевскиЃоре ЦеневДраган ХристовИвана ГелеваИрина Тошевамакедонски дизајнериМесиер 45Миладин ПаповиќМоден викенд-СкопјеНенад СтефаноскиНина СимовскаПланетариумСара МиленковскаСкопјесоѕвездијастудио „Алур“Торино
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • ?????????????????????????? моден монитор

    32 сезони подоцна: Модата како културна архитектура

  • 1 8martovski bazar моден монитор

    Осмомартовски базар под слоганот „За таа што ти е сè“ во Скопје сити мол

  • sienna моден монитор

    Посетете го Осмомартовскиот базар во ГТЦ и изберете подарок со душа

1 коментар

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1rosica

    Vivid Echoes: Новата колекција на Росица Мршиќ ја позиционира модата на пресекот меѓу уметноста, архитектурата и одржливиот дизајн

    март 9, 2026
  • ??????????????????????????

    32 сезони подоцна: Модата како културна архитектура

    март 9, 2026
  • 1 8martovski bazar

    Осмомартовски базар под слоганот „За таа што ти е сè“ во Скопје сити мол

    март 3, 2026
  • sienna

    Посетете го Осмомартовскиот базар во ГТЦ и изберете подарок со душа

    март 3, 2026
  • ??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

    Македонија домаќин на меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“

    март 3, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics