Црвен кармин, големи очила со црна рамка, неколку крупни ѓердани околу вратот и бројни алки наредени на рацете, палто со пердуви и облека во интензивни бои – Ајрис Апфел е непогрешлива во овој изглед. Модна икона, дизајнерка на ентериери, поранешна професорка на Универзитетот во Тексас, соспственичка на компанија за текстил, стислка инспирација и модел, Ајрис наполни 100 години.
Ајрис самата посвети објава на Инстаграм на овој голем датум: „Не секој ден се полни 100 години… Нека започне празникот!“.
Во последниве години таа привлече внимание со својот авентичен стил и животна сила, иако повозрасна посетува настани, на 90 години лансира своја колекција за MAC козметика, на 97 години потпиша договор со модната агенција IMG, креира предмети за домот и неодамна очила за сонце за брендот Zenni. Од детството покажувала интерес за ткаенини и со сопругот Карлтон, со кого беше во брак 68 години, ја основа и водеше текстилната компанија Old World Weavers. Како дизајнерка на ентериери, заслужна е за уредување на Белата куќа во текот на 9 претстедателски администрации – од Труман до Клинтон.
Секогаш имала посебно чувство за мода и естетка и во почетокот на својата кариера работела и како модна новинарка за списанието Women’s Wear Daily. Целиот свој живот негувала единствен стил, но светката слава ја доживеа во своите доцни 80-ти, кога почна да се појавува во рекламни кампањи и на страниците на модните списанија. Во нејзина чест музејот Метрополитен организира изложба, предмет е и на документарен филм, Џими Чу креира модел на чевли и ги крсти Ајрис.
Таа е неисцрпен извор на инспирација. И жив доказ дека никогаш не е доцна да започнете нова кариера, дури и манекенска.
Нема коментари