Брендот „Барбери“ ја објави новата кампања за течните кармини Liquid Lip Velvet и го претстави новото заштитно лице – Ајрис Ло, ќерката на познатите британски актери Џуд Ло и Сејди Фрост. Оваа 16-годишна девојка стана дел од семејството на амбасадори на „Барбери“, но и на тенденцијата на ангажирање на децата на познатите во модни кампањи. Нејзиниот брат Раферти Ло исто така е модел и деновиве се појави на ревијата на машката колекција на Долче и Габана во Милано.
Нема коментари