После десет меѓународни награди, учество на многу филмски фестивали и голема гледаност дома и надвор, филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески според одлуката на комисијата на Друштвото на филмски работници на Македонија е македонски кандидат за наградата Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје за 2019 година. Одлуката која е прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, ја донесе комисја во состав Игор Иванов – режисер и претседател на ДФРМ, Ирена Ристиќ – актер, Амернис Нокшиќи – актер, Горан Трајкоски – композитор, Игор Тошевски – ликовен уметник и сценограф, Даријан Пејовски – режисер и Наум Доксевски – кинематографер.
Нема коментари