Манекенката Ивана Караџова од модната агенција „Модел ИН“ патува за Сицилија како официјална македонска претставничка на изборот „Лице на годината“ (The Look of the Year) за оваа година. На гламурозниот настан што завчера се одржа во Белград како финале на регионалниот избор за „Лице на Годината 2016“, на кој се собра бројни еминентни претставници од модата и уметноста, избрани се регионалните претставнички за светскиот избор на „Лице на годината 2016“. Шеснаесетгодишната Ивана Караџова и официјално е прогласена за „Лице на годината 2016“ за Македонија и таа заедно со другите финалистки веќе патува за Сицилија каде ќе нè претставува на престижниот избор за најлице на светот The Look Of The Year 2016.
„Запомнете го добро ова име бидејќи „Лице на годината“ во соработка со модната агенција Model Scouting Office, низ овој проект светски познат како The Look of the Year ќе ја лансираат Ивана во врвот на интернационалниот моделинг. Лице на годината и Model Scouting Office се многу горди на себе со досегашните резултати и пласмани, ако се земе предвид дека токму нивните лица на годината се прогласени за Лице на светот веќе три години по ред, каде со понатамошните ангажмани го оправдаа нивниот успех на модните писти во Париз, Лондон, Милано…“ – порачуваат од белградската агенција Model Scouting Officе.
Младата Ивана Караџова е избрана на кастинг на модели што во јуни се одржа во Скопје во организацијата на модната агенција „Моделс ИН“ и белградската Model Scouting Office, како девојка што ќе не претставува на светскиот избор The Look of the Year, за кој лиценцата ја има Јелена Ивановиќ, манекенка која во 90-тите оствари успешна кариера на светско ниво и сега е сопственичката на Model Scouting Office.
Нема коментари