• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
досие 0

Магнетик со македонските актерки: Нежната и бунтовна Ивана Павлаковиќ

Од stylist @StylistMKD · На декември 21, 2018

IMG_3399

 

Актерката Ивана Павлаковиќ позира во модели на италијанскиот бренд Marella во фотосесијата направена во соработка со модната групација Магнетик, а во следново интервју зборува за театарот, филмот и детската серија „5+ Фамилија“, за омилените улоги и следните проекти.

 

Најмалите, а и постарите те знаат од ТВ „5+ Фамилија“, дали би сакала да играш во повеќе ТВ серии од овој тип. Дали би сакала да си дел од повеќе ТВ серии? Што мислиш за оваа форма на уметност?

-Петко за мене е еден редок, успешен проект во нашава земја и се осеќам комотна да кажам дека ме радува  што сум во процесот уште од самиот старт кога почна како ТВ серија. Драго ми е што цели генерации деца растат со нас и посакувам во следните сезони да го одржиме квалитетот и на некој начин да допринесеме во развојот на младите генерации.

IMG_3368

Последен краток филм во кој те гледавме беше дипломскиот филм на Анастасија Лазаревска, „Малина“. Дали за тебе има разлика работата пред камера со работата на театарска сцена? Во која уметничка форма се пронаѓаш?

-Занаетот, флексибилноста и вистината на ликот се клучот. Апсолутно е дека постои голема разлика помеѓу работата на филм и театар. Ако филмот е лупа која не пропушта ниту еден детаљ и бара одредена суптилност, во театар секоја изведба е различна без разлика колку пати е изиграна претставата и носи поголема експресивност. Сакам успешно да се снаоѓам во двете.

Дел си од „Навигаторот Цветко“, што значи за тебе овој театар?

-„Театар Навигатор Цветко“ е јунак, херој кој успешно веќе неколку години му пркоси на тапкањето во место во кое западна македонскиот театар.

Херој кој не чека нештата да му паднат од небо, се бори со сите услови и неуслови во кои се наоѓа, ама шуќур не попушта и станува се поголем.

Е, мене ме радуе што тој јунак најде една мала група млади луѓе кои неуморно имаат што да си раскажат, да се прашаат, да комуницираат меѓу себе без да кенкаат и да ги натера условите во кои работат да им станат подраги од било кое излитено злато. Да се осеќаат ко да глумат на Бродвеј или во Schaubühne во Берлин. Да си играат.

Една огромна смисла која сакам вечно да трае.

IMG_3329

Како изгледа подготовката за премиера?

-Еден убав, голем хаос во кој само јас сама некако успевам да се снајдам. Нешто ко растурена фиока во која сè има поента.

Ивана никогаш не би облекла?

-Сакам да експериментирам. Мислам дека уште ми е рано да кажам што конкретно не би облекла никогаш на себе.

На театарската сцена и на фимската сцена, секој лик кој го играш е дефиниран и од костимите кои му се доделени. Кога би требало некој да ја игра Ивана Павлаковиќ кој костим би бил најсоодветен?

-Костимот без разлика дали во театар или на филм за мене игра огромна улога врз карактерот кој го градам додека работам на одредена улога. Станува дел од мене. Без разлика дали станува збор за костим од 1800-та кој сам по себе бара одредени движења на телото или се работи за сосема голо тело, кое јас исто го перципирам како костим во својство на она што јас го играм.

Сметам дека точната дефиниција е дека веројатно секој костим кој ќе направи да осетам до крај дека е дел од мојот сензибилитет, личност, слобода и кој ќе ми помогне улогата до крај да биде моја.

IMG_3335

На шопинг одиш со?

-Порано одев со сè освен со памет у глава. Сега најчесто купувам кога немам план за тоа.

Ивана не излегува од дома без?

-Сопствен став и основна домашна култура. За другото, зависи која ташна ја носам.

Кој е твојот омилен проект на кој си работела? На што те научи тоа искуство?

-Секој процес мене ми носи едно ново искуство и се радувам кога во мене расте нов човек. Во принцип, секаде каде што се осеќам слободна да креирам до бескрај. Да си поставувам безброј прашања и да се не плашам од одговорите.

Најдраги ми се процесите во кои со моите колеги имаме што да си кажеме и да се разбереме. Кога збориме на ист јазик. Кога бегаме од сувопарноста и правење улога или претстава на „прва лопта“. Нема полошо од инстант работи. Инстант супа купена за 20 денари се прави за 10 минути, ама онаа домашната за која ќе се потрудиш малце повеќе во кујна додека клокоти водата, а ти ги сечеш намирниците, не е опасна за желудник. Така и во театар. Среќна сум што созревам со „Солун град на духови“, „Антигона“, „Реалисти“, „Лерин“.

„Венера во крзно“ ми е може најдрагиот процес до сега, режија на Ивана Ангеловска, дуо драма во која партнер ми е Благој Веселинов и сакам убавото чувство од процесот со нив двајца да ми трае засекогаш. Зошто ми даде една нова смисла и ми отвори едни нови видици кои допрва ќе се шират како што претставата ќе се игра и живее.

IMG_3425

Кажи ни нешто повеќе за твоите следни проекти?

Крајот на годинава ми беше позитивно турбулентен.

Имав две премиери на кои неизмерно им се радувам. Едната се случи на 6 и 7 ми декември, претставата „Реалисти“ на Срѓан Јаниќијевиќ во МНТ,  а втората премиера на „Венера во крзно“ во режија на Ивана Ангеловска на 9 декември во Кино Култура.И двете претстави ќе се играат редовно на репертоар од крајот на јануари 2019.

Кoнцертите на „5+ бенд“ се во тек додека го пишувам интервјуто, а од јануари ме чекаат два нови проекти на кои им се радувам и чекам да дојде денот да почнат.

А во меѓувреме, најдругарски ви ги препорачувам новите претстави во Кино Култура кои се дел од проектот „Направете место за младите театарџии“.

IMG_3307

Модел// Ивана Павлаковиќ

Облека// Марела

Фотографии// Елена Фиданска

Шминка и коса// Даниел Артевски

Продукција// Магнетик групација

IMG_3424

Copy of IMG_3303

IMG_3350

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 досие

    Златни правила за шопинг според Французинките

  • 4 pariski stil досие

    Модни правила кои ќе ви го доближат парискиот шик стил

  • BL5LM5Z7JRFYDLYO2B3O5RCUDY досие

    Приказната за црната вдовица Патриција Гучи

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • mytime nikola ristanovski

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

    ноември 20, 2025
  • 1stefanija

    Модна колекција „Вечност“ на Стефанија Насеска инспирирана од златните маски од Требеништа

    ноември 13, 2025
  • Фестивал на чај

    Од 14 ноември „Фестивал на чај“ под слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“ во Скопје сити мол

    ноември 12, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 2

    Добротворна модна аукција „Fashion with a Cause“ во рамките на Моден викенд Скопје

    ноември 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025

Култура

  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics