Француската дизајнерка Изабел Марант и козметичкиот гигант L’Oréal Paris соработуваат на заедничка колекција на шминка која ќе биде претставена во септември и ќе содржи пет „edgy“, но практични производи за секојдневно шминкање на очите, усните и образите. Марант, препознатлива по модерниот бохо стил со париски шмек, смета дека колекцијата треба да понуди мултифункционалност и производи за брзо шминкање.
„Идејата беше да се креира колекција што ќе содржи неколку неопходни производи кои што постојано ги имаме во чантата и можат да бидат употребени на доста номадски начин. Ова соодејствува со животниот стил на ‘Изабел Марант’ девојката. Таа е прилично природна во текот на денот, но нема време да се врати дома за да се подготви за вечерно излегување и да го повтори целокупниот бјути изглед. Значи, идејата беше да имате три или четири производи кои набрзина помагаат да го сублимирате лицето со многу едноставни и спонтани гестови“, вели дизајнерката.
Според Пјер-Емануел Ангелоглу, глобален бренд претстедател на L’Oréal Paris, Изабел Марант го има еден од најиконичните париски модни брендови. „Таа е исклучително инспиративна и совршено ја отелотворува новата визија за женственост кон која брендот L’Oréal е насочен денес. Изабел е верна на себе и на својата независност, што ја прави совршен партнер за нашиот бренд и за пораката што сакаме да ја испратиме на сите жени во светот да се себереализираат и да знаат дека вредат за сè што прават“, ги објаснува некои од причините за партнерството на L’Oréal Paris x Isabel Marant колекцијата.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари