Овааа година традиционално по четврти пат ќе се одржи настанот „Мажи на годината 2021“. Секоја година настанот се одржува последната среда од месецот ноември кој е месец на машкото здравје, но поради тргичната автобуска несреќа која што се случи во Бугарија, овогодинешниот избор на најуспешните мажи во Македонија ќе се одржи на на 14-ти декември, 2021 во хотелот „Double Tree by Hilton“ во Скопје со почеток од 20:00 часот.
Иако покрај светската пандемија сè уште не можеме целосно да се опуштиме во дружењето, сепак продолжува традиционалното одржување на настанот „Мажи на годината“ кој стана препознатлив белег за македонските џентлмени. Преку нашиот настан успеавме да изградиме бренд кој ги препознава мажите кои преку својот стил на живеење чекорат кон успехот, самодовербата и општествената одговорност.
На оваа гала вечер ќе бидат избрани 13 најуспешни мажи во 13 категории кои ја одбележале 2021-ва година. Од досега познатите добитници, хуманитарецот Борче Стаменов од „Донирај компјутер“ од гласањето на Фејсбук страницата понесе најмногу лајкови и заслужено ја доби оваа наградата, Маж на Годината во избор на социјални медиуми за 2021 година.
Во изборот за Мажи на годината се вклучени професионалци од разни области кои се дел од комисијата на официјалниот избор, како и целата јавност. Настанот првпат се одржа во 2018 година во организација на Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин, првиот специјализиран онлајн магазин кај нас.
Изброт на Мажи на годината за 2021 е поддржан од Antique и Badel Black, Пивара Скопје, Schweppes, Amstel, DoubleTree by Hilton Skopje, модниот бренд Dan John, Евротип обложувалници, СН брокер, СН финансиско друштво и Golde Felicia.
Нема коментари