На 26 февруари, со почеток во 18 часот, во Францускиот институт во Скопје ќе се одржи изложбата на модни креации „Декади“. Изложуваат студентите на Институтот за мода и дизајн на Технолошкиот факултет во Скопје кај професорката Лидија Георгиева.
Трите студентки од Институтот за мода и дизајн на Технолошкиот факултет во Скопје, Викторија Велевска, Ајданур Незир и Драгана Трпковска, во септември минатата година присуствуваа на Модната недела во Париз. Тие ќе говорат за искуствата од престојот и инспирацијата од париската мода и ќе претстават неколку нивни креации во излогот на Францускиот институт во Скопје.
Нема коментари