Италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани пред неколку дена во Милано ја отвори изложба на свои креации во новиот музејски простор наречен Армани/Силос. Изложбата не само што симболично го најавува почетокот на „Експо Милано 2015“, туку го прославува и јубилејот од 40 години креативна работа на Армани. „Одлучив музејот да го наречам „Силос“, бидејќи зградата била употребувана како силос за складирање храна, нешто што секако е многу важно за животот. За мене облеката е исто толку важна колку и храната“, изјави дизајнерот. Во овој простор Армани постави преку 600 модни парчиња облека и 200 додатоци кои прават пресек на неговата естетика и историја.
По повод јубилејот и отворањето на „Силос“ Армани организира и коктел забава на која се појавија актерката Кејт Бланшет, заштитно лице на неговиот парфем Si, потоа Леонардо ди Каприо и Пирс Броснан кои често носат негови костуми, и важни ликови од модата како Сузи Менкес, Мирослава Дума, Ана Дело Русо и уредничката на Vogue Italia Франка Соѕани.
Нема коментари