• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Изложба на накит на Илина Поповска: „Олдтајмери“ и „Птици“ во кои ќе се вљубите на прв поглед

Од Ана Несторовска · На мај 26, 2016

ilina popovska (1)
„Само миговите се вистинити и само тие во сеќавањата остануваат, вткаени во душата на човекот како утеха и надеж. Само мигот е доволен да нè потсети на клокотливата смеа, ѕвонлива и полна среќа, на мирисите од детство, на боите на љубовта и вкусот на нежноста. Навезете ја душата со филигран, ставете по некое парче накит на неа, украсете ја да заличи, да блесни…почувствувајте ја топлината на дрвото и сјајот на бакарот. Нека ве погали суптилноста на Илина а пилето во градите нека ви зацрцори, од радост, од убост. Дозволете си љубов… ЉУБОВ НА ПРВ ПОГЛЕД“
Со овие зборови поетесата Ана Бунтеска ја најавува самостојната изложба на дизајнерката на накит Илина Поповска во автентичниот амбиент на скопскиот локал „Децата од нашата улица” на 28 мај (сабота) со почеток во 20 часот. Носители на изложбата, наречена „Љубов на прв поглед“, се двете нови колекции: „Олдтајмери” и „Птици”.
-Линијата „Олдтајмери” е инспирирана од превозните средства во раниот 20-ти век, а во „Птици” акцентот е ставен на егзотичните птици. Овој пат се држев до (за мене) вообичаените материјали: среброто, дрвото и бакарот, кои ќе бидат надополнети со полускапоцени камчиња, мурано стакло и емајл. Формите и боите се разновидни. Најкарактеристични се кај колекцијата „Птици” кои што се геометриски стилизирани. Комбинација се од црешово дрво и дрвени боички, што значи и шаренила од бои. Новите парчиња стилски се различни од претходите мои колекции. Нишката што ги поврзува со е комбинацијата на материјалот од кој се направени: дрво со дрвени боички-вели Поповска.

ilina popovska

Илина Поповска со изработка на накит се занимава од 2003 година

Изложбата е составена од три целини: сребро, дрво и бакар. Секоја целина ќе биде посебно претставена вопросториите на „Децата од нашата улица”.
-Амбиентот во „Децата од нашата улица” е посебен и убаво се надополнуваме како целина…За сè е виновен еден настан во овој локал. Мојата прва посета беше на размена на книги што ја имаа организирано. Ми се допадна местото „од прва” и посакав да направам изложба таму, па веднаш почнавме да го договараме настанот. Со Ана Бунтеска се познаваме од порано. И таа беше присутна на размената. Ја поканив и имав среќа да се согласи. Љубителка сум на нејзината поезија. Таа ќе ја отвори изложбата со нејзина поезија и ќе биде диџејка на натанот. Ете така ни се случи, (како) „Љубов на прв поглед” -објаснува Илина.

ilina popovska (2)

Автомобил од сребро, дел од линијата „Олдтајмери“

Креациите, како што вели дизајнерката, се наменети за тие што ќе се вљубат во нив на прв поглед, а по изложбата ќе може да се набават праку личен контакт со нејзе на Фејсбук страниците Ilina Design и Ilina Design – wood.
Илина е една од најангажираните наши дизајнерки на накит, позната по неуморното истражување и комбинирање на различни материјали. Професионално се занимава со изработка на накит од 2003 година, под името „Bead Art”, кој опфаќа дизајн и изработка на накит од полудраги камења, стакло, монистра и посребрена жица. Прво учество во поголем проект е изложбата на „Про Артс” фестивалот во Музеј на Современа Уметност. Првото искуство како обучувач го стекнала на курсот за дизајн и обликување на накит од монистра, одржан 2004 година. Добитничка е на награда за најдобар производ од АТА (Aid to Artisans ) на Annual Christmas Bazaar во 2005 година. Победничкиот производ беше отпечатен на промотивниот плакат за базарот таа година. Во јануари истата година почнала со изучување на филигранскиот занает во „Златара Рубин”. По завршувањето на преквалификациската обука останала во „Рубин” на доусовршување на знаењето од областа на филигранството и рачната изработка на сребрен накит, сè до 2007 година. Таму била именувана со сертификат за самостоен извршител на на занимањето филигранист – златар. Во октомври 2006 год. прв пат настапила со свој филигрански накит на групна меѓународна изложба во „Злaтарна Кодре” Љубљана, Словенија. Биладел од првата самостојна изложба на авторски накит била во рамките на фестивалот „Охридско лето”, во 2009 година. Во октомври 2010 година ја организира и учествува на првата групна филигранска изложба на авторски накит во Р. Македонија „Арт ин Миниатуре” поставена во Куршумли Ан во рамки на „Бела Ноќ”. Истата година беше дел од тимот кој што ја претставуваше Р. Македонија на Shanghai World Expo. Во март 2012 учествува на групна изложба од работилницата за современ накит во „Мала станица” покровителство на Министерство за култура. Во соработка со Дафина Џепароска го изработи прстенот – нараквица за Калиопи за нејзиниот настап на Евросонг во 2012 година. Беше дел од постановката на современ накит од македонски дизајнери во организација на Мисијата на Р. Македонија во ЕУ во Брисел (октомври 2012). На крајот од истата година ја имаше својата втора самостојна излозба во „Кафе Ли“. Наредната година беше финалист на натпреварот за дизајн на „Миксер“ во Србија. Во 2014 година учествува на Super design Pop – Up store во МКЦ , како и Designers Outlet во рамки на Skopje Design Week. Истата година на Моден викенд-Скопје ја претстави својата колекција „Тресори“. Во ноември 2014 таа ја изработи и статуетката за најдобра колекција на наградите на Stylist.mk која отиде во рацете на Јована Филиповиќ.

ilina popovska (3)

Дрвена тропска птица од линијата „Птици“

- Периодов ми се случува „Љјубов на прв поглед“ и ме очекува претставување на новото издание на саемот „Паратисима Скопје”. Оваа година ќе ја одбележат нови материјали и техники од кои со нетрпение очекувам да го видам резултатот-вели таа на крајот.

Љубов на прв погледАна БунтескабакарДецата од нашата улицадрвоизложбаИлина Поповскамакедонски дизајнери на накитнакитсребро„Олдтајмери"„Птици“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics