Првата фотографија од кампањата за есенската машка колекција на „Прада“ се појави вчера и открива кинематографски имиџ снимен со британскиот актер Џејмс Мекавој. Брендот со ова ја продолжува традицијата на ангажирање на актери како заштитни лица во рекламите, а претходно задачата на Мекавој ја имаа Беницио дел Торо, Харви Кајтел, Гери Олдман и Вилијам Дафо. Фотографијата е на Ени Лејбовиц.
Нема коментари