Од пред неколку дена актерката Џејн Фонда е на социјалната мрежа ТикТок за да ни покаже неколку аеробик вежби и да нè потсети на неколку нејзини постари видеа со часови за вежбање. За оние помладите што не знаат, 82-годишната Џејн во 80-тите беше популарна и по нешто друго освен филмските улоги – таа претстави повеќе видеокасети со аеробик вежби кои беа дел од нејзина програма за вежбање и во тоа време важеше за кралица на аеробикот.
@janefondaHello Tik Tok! I’m bringing back the Jane Fonda Workout to fight the climate crisis. Join ##firedrillfriday 4/3 @ 11AMPT ##happyathome ##indoorworkout♬ original sound – janefonda
Во ТикТок видеото таа вели дека ги враќа Jane Fonda Workout вежбите за да го скрене вниманито на климатските промени и ги повикува сите да вежбаат по дома секој петок и да ѝ се придружа на #firedrillfriday предизвикот.
Аеробикот беше ултра поплуларен во 80-тите и на таа култура на вежбање се приклучија милиони мажи и жени, млади и стари. Еве неколку видеа со вежбите на Џејн Фонда од 80-тите.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари